Државна помош за фирми што ќе ја зголемат минималната плата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Со предложените измени и дополнувања на Законот за минимална плата што ги изгласаа пратениците, фирмите коишто на вработените ќе им ја покачат минималната плата ќе добиваат државна помош.

Финансиската поддршка  по работник изнесува 30% од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во месеците октомври, ноември и декември лани. Оваа поддршка може да изнесува, најмногу до 1.200 денари месечно по работник.

Од Министерството за труд и социјална политика истакнаа дека мерката е одговор на барањето на работодавците за адресираниот проблем со т.н. уравниловка, а тоа е потребата да растат преостанатите плати блиски со минималната плата, за да не ги изгубат или демотивираат попродуктивните работници.

Од Министерството очекуваат дека преку финансиската поддршка ќе се поттикне спиралата за покачување на платите во трудоинтензивните сектори што позитивно ќе влијае на растот на продуктивноста на компаниите и на растот на животниот стандард на работниците. Средствата за исплата на финансиската поддршка се обезбедуваат од Буџетот. Финансиската поддршка ќе се исплаќа за периодот од јули годинава, до декември 2019 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×