Државна помош за инвестиција на американската компанија Теламон
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Владата ќе и додели државна помош на компанијата за производство и трговија „Теламон Европа Македонија“ од Скопје.

Предлог-договорот е разгледан и прифатен на вчерашната владина седница, а министерката без ресор за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска е задолжена да го потпише договорот.

Договорот, како што информира прес-службата на Владата, ќе биде потпишан на 13 овој месец.

Американската компанија „Теламон“ ќе вложи четири милиони евра во капацитет во Македонија во кој според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет години.

„Теламон“ произведува машини за спојување, автоматски машини за сечење кабли, ленти, машини за пресекување и затворање. Компанијата е една од најголемите во САД и има свои претставништва во Индијана, Илиноис, Калифорнија, Арканзас, Охајо, Њу Џерси, Канзас и Мисури, два меѓународни капацитети во Кина и еден во Мексико.

Фабриката во Република Македонија ќе биде четврти меѓународен капацитет и седиште на Теламон – Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×