Државната МЕПСО ќе вложи 18 милиони евра во преносната мрежа преку кредит од ЕБОР
Објавено на од во Економија

mepso-dogovor-640x427Државната енергетска компанија МЕПСО потпиша девет договори за инвестиции во преносната мрежа вредни 18 милиони евра што ќе се финасираат со заемот во износ од 23 милиони евра што е земен од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во 2013 година.
“Со денешното потпишување на договорите МЕПСО ќе изгради над 100 километри нова далекуводна мрежа на 110 киловолтно напонско ниво, четири нови далекуводи на постоечките траси, ќе се модернизираат четири трансформаторски станици со примарна и делумно со секундарна опрема и ќе се инсталира нова опрема за релејна заштита на четири трансформаторски станици на четири хидроцентрали. Со тоа ќе се замени дотраената стара преносна мрежа со нова, а крајниот бенефит ќе го почуствуваат компаниите, граѓаните и идните генерации преку навремено, брзо, квалитетно и сигурно снабдување со електрична енергија”, рече премиерот Зоран Заев по потпишувањето на договорите во Владата.

На тој начин, како што кажа, граѓаните и компаниите во земјава ќе добијат сигурност, стабилност и квалитет во снабдувањето со електрична енергија на долг рок, а ќе се отвори и можност за намалување на трошоците на работење на АД МЕПСО.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев нагласи дека МЕПСО е крвотокот на електроенергетиката во земјава и оти квалитетниот преносен систем значи квалитетно и сигурно снабдување со електрична енергија на сите клиенти.

“Тоа е едниствениот услов што треба да биде запазен за да имаме одржливост на енергетскиот систем во иднина. Со денешните договори практично се обезбедува таква стабилност на подолг рок. Ќе бидат обновени далекуводите што се градени пред 50-60 години, а трафостаниците, кои се срцето преку кои се пренесува електричната енергија, ќе бидат целосно обновени со нова опрема што ќе обезбеди сигурност за снабдување со електрична енергија на сите граѓани и компании во земјава”, рече Анѓушев.
Нагласи дека договорите се потпишуваат врз база на финансирање од заем од ЕБОР што е земен во 2013 година.
“Тоа се 23 милиони евра од кои многу мал дел досега се реализирани. Државата ги земала кредитите во 2013 година во меѓувреме плаќала интеркаларни камати, а проектите не се спроведувале. Новото раководство на МЕПСО ги претендерираше сите проекти кои беа заглавени и доаѓаме до нивна реализација”, рече Анѓушев и најави дека до крајот на годинава ќе бидат распишани јавни постапки со премиум тарифи за нови фотоволтаични и ветерни електрани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×