Државни фирми, најголеми должници на државата
Објавено на од во Економија
Со долг од 5,2 милиони евра, Јавното претпријатие „Македонија пат“ е рекордер меѓу државните институции за неплатени даноци. Потоа следува комуналното претпријатие од Гостивар. На црната листа на должници којашто секој месец ја објавува Управата за јавни приходи (УЈП) може да се видат многу познати компании и звучни имиња на бизнисмени кои со години не плаќаат даноци во буџетот, објави Алсат
ујпЗаклучно со крајот на минатиот месец вкупниот долг на фирмите и граѓаните кон УЈП достигна 145,4 милиони евра и за еден месец тој е зголемен за 3,9 милиони евра. Кај државните фирми и институции, освен „Македонија пат“ на листата неплаќачи на даноци е државниот загубар „Еурокомпозит“. Долгот кон УЈП на оваа компанија за коешто владата бара решение за да ја спаси од пропаст, заклучно со мај изнесува 2,2 милиони евра.
ДОЛЖНИЦИ КОН ДРЖАВАТА
ЈП Македонија пат                                              5,2 милиони евра
ЈКП Комуналец – Гостивар                                   3,2 милиони евра
Еурокомпозит                                                      2,2 милиони евра
ЈКП – Тетово                                                          2,1 милиони евра
Чистота и зеленило – Куманово                          1,3 милиони евра
ЈКП Стандард – Дебар                                         1,3 милиони евра
ЈП за стопанисување со објекти за спорт         817 илјади евра
Општина Карпош                                             807 илјади евра
МРТВ                                                                       757 илјади евра
МЖ Инфраструктура                                         349 илјади евра
Високо на листата на должници се и неколку комунални претпријатија кои се под капа на општините. Така долгот на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар изнесува 3,2 милиони евра. Јавното комунално претпријатие -Тетово пак, на државата за неплатени даноци и придонеси ù должи 2,1 милиони.
Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од Дебар на државата за неплатени даноци и должи 1,3 милиони евра, а на листата е и Општина Карпош која со долг од 807 илјади евра е рекордер меѓу општините за долгот кон УЈП. Меѓу најголемите должници меѓу државните фирми се и Јавното претпријатие за стопанисување со објекти од спортот кое на УЈП ù должи 817 илјади евра.
Потоа следуваат Македонската радио и телевизија и МЖ Инфраструктура. Од приватните фирми, прва на листата должници кон УЈП е компанијата за производство на автобуси, Ел Дон Кастиљо Ангел, со долг од 7,4 милиони евра. На листата од вкупниот број 4.416 должници, 1.937 се фирми, а 2.524 се граѓани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×