Државниот долг на САД на рекордно ниво, најголем дел кон Кина
Објавено на од во Економија
Во 2019 година американскиот државен долг достигна историски рекорд – 22 трилиони долари, и најголем дел е долг кон Кина.
трамп си дзин пинОд платформата „Хау мач“ (How much) укажуваат кои се останатите држави од светот на кои САД најмногу им должат. За таа цел се користени податоци на американското Министерство за финансии од април 2019 година. Според нив, економијата број два во светот на Кина и должи 1,113 трилиони долари.
На второ место е Јапонија. Ним САД им должат 1,064 трилиони долари.
Вкупно долгот на САД кон двете азиски држави изнесува 33,8 отсто.
Следните најголеми кредитори на САД се Бразил, Велика Британија и Ирска со – 306,7 милијарди долари, 300,8 милијарди долари односно 269,7 милијарди долари.
Во топ 10 се и Швајцарија, Луксембург Кајмански Острови, Хонг Конг и Белгија.
Меѓу поголемите кредитори на САЕД од Европа се и Норвешка и Германија со 97,1 милијарда долари и 72,8 милијарди долари. Под еден отсто од надворешниот долг на САД се и Шпанија, Италија, Холандија и Шведска со 41 милијарди долари, 43,7 милијарди долари 45 милијарди долари и 46,5 милијарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×