Државниот врв плус Груевски и Ахмети: Неопходен е консензус за национален дијалог
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

На средба вчеравечер во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно“ биле претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Средбата била резултат на претходно започнатите разговори.

„На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во Република Македонија и се разговараше за решенија за излез од моменталната состојба на тензичност во државата, а која што предизвикува загриженост кај граѓаните. Соговорниците се согласија дека е неопходно сите чинители во општеството да се насочат кон градење консензус за национален дијалог, во функција на помирување и нормализирање на политичките процеси, како основа за продолжување на реформските приоритети на Република Македонија“, се вели во соопштението од Кабинетот на Иванов, во кое се дополнува дека за прашањата кои предизвикале интерес на оваа средба разговорите ќе продолжат и во иднина.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×