Државните службеници земаат 18,5% повисока плата од просечната
Објавено на од во Економија

Службеник во јавната администрација просечно зема плата од 25.144 денари што значи дека неговите месечни примања се повисоки за 18,5% од просечната исплатена плата во земјава, покажуваат последните податоци заклучно со септември што ги објави Државниот завод за статистика. Овие податоци не го вклучуваат зголемувањето на платите во јавниот сектор за 4% што го објави Владата кое почна да важи од октомври годинава. Просечната плата во земјава во првите девет месеци годинава пораснала за само 0,6% споредено со истиот период лани.

Ако се споредат платите на јавните службеници со некои други сектори во економијата, произлегува дека тие имаат повисоки примања од вработените во преработувачката индустрија, на пример, за 57%, каде што просекот изнесува 16.000 денари, 36% повисоки отколку во градежниот сектор каде што просекот е 18.469 денари и 28,2% повеќе отколку во секторот трговија. Највисоки плати во приватниот сектор се евидентирани во правните и сметководствени дејности, телекомуникациите и финансискиот систем.

Платите на јавните службеници годишно ги чинат сите даночни обврзници по околу 400 милиони евра. Бројот на вработени на грбот на државата е непознат, но според проценките на Европската комисија, 20% од сите вработени се во јавниот сектор. Тоа значи дека на платниот список на државата се околу 140.000 работници. Во годинашниот Извештај за напредокот на земјава може да се најде и фрапантен податок дека 1.700 административци земаат плата од државниот буџет, но седат дома.

Вработувањето во администрацијата и создавањето на работни места без вистинска потреба, Комисијата го детектираше не само кај рамковните вработувања, туку низ целата администрација и на државно и на локално ниво.

Економистите коментираат дека државата мора да направи длабоки економски реформи во јавниот сектор какви што на пример спроведува Србија.

Абдулменаф Беџети академик

Абдулменаф Беџети
академик

Нашата јавна администрација е предимензионирана, постојат многу државни агенции, регулаторни тела кои што на работниците им исплатуваат превисоки плати и тоа е голем товар за буџетот. Згора на се, за истата работа се задолжени и други административци во слични сектори во министерствата или други институции. Крајно време е да се ревидира оваа политика да се даваат плати од државната каса на луѓе што седат дома и ништо не работат. Мора веднаш да се направи анализа како да се реформира јавниот сектор во ефикасен апарат што ќе ги услужува граѓаните, а за сметка на заштедите да се поттикне поголем развој преку повеќе јавни инвестиции“, смета академикот Абдулменаф Беџети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×