Дуалното образование – надеж во лажичка за македонскиот бизнис
Објавено на од во Економија

Кризата со стручно поткован и технолошки образован, вработлив  кадар  се покажува како најтешката милја за одење, која пркоси  на еуфоричните кампањите за подобра еконoмија и поголем стандард.  

dualno

Анализите на стопанството покажуваат дека поради состојбата во образовниот систем земјава располага со кадри кои немаат потребни знаења и немаат никакви практични вештини, што дополнително го отежнуваат вработувањето на нови работници.

Сите соговорници со кои разговаравме на оваа тема се согласуваат дека појдовна точка за решавање на овој проблем е обука и преквалификација на невработените, но клучната промена која треба да се случи е образовниот систем да нуди кадри со вештини какви што им се потребни на компаниите.

“Најголемиот проблем во македонската економија нема да биде ни поддршката на компаниите, која преку Законот за финансиска поддршка ја обезбедивме, нема да биде ниту пристапот на компаниите до финансиски средства, затоа што банките се расположени за финансирање. Мислам дека најголем предизвик во следниот период ќе биде обезбедување на обучен кадар за компаниите, изјави за Капитал вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Дополнително за оваа тема консултиравме претставници од компаниите кои се вклучени во пилот-проектот за имплементација на дуалното стручно образование, претставници од германската стопанска комора, министерството за образование, и претставници од соседна Република Бугарија кои ги сведочат нивните предизвици и резултатите од имплементацијата на системот за дуална обука.

Целата анализа за проектот за дуално образование, кој во Македонија ќе се спроведува под надзор на германски советници, ќе можете да ја прочитате во следниот број на магазинот Капитал кој излегува утре.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×