ДУБАИ СО ВИЗИЈА ДА СТАН ПРВ BLOKCHAIN ЦЕНТАР ВО СВЕТОТ
Објавено на од во hi-tech & business

Dubai Smart CityЗаедно со напредната транспортна инфраструктура и ниските даноци, воведувањето на Blokchain ќе направи од Дубаи многу сигурна, доверлива и бизнис-пријателска средина за бизнисите од целиот свет.

Дубаи за многу кратко време успеа да се наметне како глобален трговски и финансиски центар. Но, властите во Дубаи како да не се задоволни со овој успех. Тие засилено работат на воведување на blokchain тхнологијата како основа на нивната економија, со што уште повеќе ќе го подобрат статусот на Дубаи како град на иднинатата.

Blokchain технологијата има потенцијал да го поедностави чувањето на податоци и транспортот на стоки и услуги низ целиот свет. Заедно со напредната транспортна инфраструктура и ниските даноци, воведувањето на Blokchain ќе направи од Дубаи многу сигурна, доверлива и бизнис-пријателска средина за бизнисите од целиот свет.

Иако blokchain е познат како технолошка база за дигиталната валута биткоин, самата технологија може да има многу поширока функција. Blockchain им дозволува на корисниците да споделуваат и следат информации од трансакции и договори користејќи дигитални записи, а сите податоци се сигурни, верификувани и трајни. Со користењето на blokchain како база за приватните бизниси и владините услуги во Дубаи, провизиите за услугите и трансакциите ќе бидат многу поевтини. На кратко, правењето бизнис во Дубаи ќе се стане многу поедноставно и поевтино за сите видови на бизниси.

“Сакаме Дубаи до 2020 година да стане прв град во светот во кој власта и бизнисот ќе работат на blockchain технологија”, изјавува за The Wall Street Journal Аиша Бин Бишр, генерален директор на Smart Dubai, владин оддел одговорен за поддршка на иновации.

Оваа посветеност на користењето на blockchain и на државно ниво го прави Дубаи прв град во светот кој ја промовира оваа технологија на овој начин.

Во март годинава веќе почнаа и подготовките за воведување на оваа иновација кои се предводени од Smart Dubai. Властите прво ќе ги едуцираат приватниот и јавниот сектор за потенцијалот на blockchain технологијата. Потоа планирано е и одржување на работилници со клучните играчи, од приватниот и јавниот сектор, за да се идентификуваат кои услуги можат најдобро да бидат извршувани со blockchain со цел да се постават приоритети за имплементацијата.

Кога овие напори ќе бидат финализирани, Smart Dubai предвидува дека кон крајот на годината може да се почне со почетната примена на оваа технологија со соработка на приватниот и јавниот сектор.
Исто така предвидено е да се изгради споделувачки Blockchain како платформа на услуги за имплементирање на владини проекти.

Град на иднината

Визијата на Дубаи да стане град на иднината оди многу подалеку од вовдувањето на бlockchain економија. До 2030 година се планира 25% од патниот транспортен систем да користи вештачка интелигенција и да биде речиси целосно автоматизиран.

Користењето на кровови за соларна енергија ќе биде задолжително до 2030 година, до кога државата планира да достигне 25% од нејзината целкоја гласи до 2050 година 75% од енергијата која се троши во Дубаи да се добива преку соларна енергија. Во 2020 година е планирано во Дубаи да се отвори и најголемата во светот соларна електрана со моќност од 1000 MW.

Дубаи е исто така домаќин на Паметните палми, или 3D печатени дрва од палми со еден вид на пластични влакна кој имаат функција на технолошки хабови низ градот. Овие дрва обезбедуваат бесплатен бежичен интернет, важни информации за градот и полнење на разни уреди кои функционираат на на соларна енергија.

Дубаи исто така ќе биде дом и на првите во светот 3D печатени облакодери, првите 3D печатени канцеларии кои се веќе во употреба. Се планира и воведување на хајперлуп, а за таа цел Дубаи ги кани најдобрите светски претпримачи и иноватори од целиот свет да придонесат со идеи за технички решенија.
“Имаме многу јасна цел да го направиме Дубаи престолнина на Blockchain индустријата. До 2020 година ќе имаме владини услуги и трансакции кои ќе можат целосно да се реализираат преку blockchain технологијата”, вели Бин Бишр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×