ДУИ денес ќе одлучува дали ќе излезе од Владата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

По вчерашните оставки на двајцата министри, на МВР Гордана Јанкуловска и транспорт и врски, Миле Јанакиевски, како и на шефот на ДБК, Сашо Мијалков, се посилни се шпекулациите во медиумите, кои се повикуваат на добро упатени избори, дека ДУИ ќе излезе од Влада.

Од партијата, барем засега, нема ниту потврда, ниту пак демант за ваквите наводи. Пратеникот на ДУИ и координатор на пратеничката група во Собранието, Талат Џафери, за „Фокус“ потврдува дека денеска има седница на партиското централно претседателство на која ќе се расправа за актуелната ситуација, но дека засега, нема ништо конкретно.

Џафери исто така тврди дека ДУИ на денешната седница на Парламентот ќе гласа и за новите министри предложени од премиерот Никола Груевски, по прифатените оставки на Јанкуловска, Јанакиевски и Мијалков.

Вчера, пред да се случат оставките, амбасадорите на најмоќните држави побараа од ДУИ  конкретен став во однос на случувањата, потенцирајќи дека и тие имаат одговорност за иднината на земјата.

“Се надеваме дека ДУИ ќе продолжи на истиот конструктивен начин да соработува со сите партии и институции. Како членка на коалиционата влада, ДУИ ја дели одговорноста да работи да се осигура дека откриените криминали и објавените информации ќе бидат целосно истражени на транспарентен и веродостоен начин. Сега, повеќе од кога било, се надеваме дека ќе заземе став и ќе го искористи влијанието за доброто и за иднината на сите граѓани во Македонија”, изјави вчера  италијанскиот амбасадор Ернесто Белели зборувајќи во името на сите амбасадори кои се сретнаа со Ахмети.

Каков ќе биде конкретниот став на Ахмети, кој му го побараа амбасадорите,  ќе се знае денес по централното претседателство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×