Дуна инвестира во нов административно-развоен и логистички центар
Објавено на од во Компании
Македонската компанија „Дуна“ почна со изградбата на новиот административно-развоен логистички центар, инвестиција која е предвидено да изнесува околу 1,2 милиони евра и опфаќа изградба на нов објект, како и обезбедување на потребната опрема и средства за работа. Новоизградениот Центар се очекува да почне со работа за десетина месеци.
дуна„Ја идентификувавме можноста за раст и развој на компанијата, која по веќе 25 години е меѓу најпрепознатливите македонски брендови. Израснавме, пред сѐ, како основачи на успешна приказна а сега се докажуваме и како сериозен инвеститор, кој верува во бизнис потенцијалот на Македонија. Свесни сме за економската состојба, како и за влијанието на политичката неизвесност врз неа, но со сериозни развојни потези веруваме дека може да се промени таа слика. Ова е логичен следен чекор за развој на компанијата, привлекување на нови вработувања и тоа особено во таканаречениот сегмент Internet of thinks и се разбира креирање услови за подобра соработка со нашите партнери и клиенти“, изјави  Александар Пајковски од Дуна.
Нашиот бизнис сегмент, додаде, ги надрасна границите на државава и успешно услужуваме клиенти и во Србија и во Албанија.
Дуна почна со работа во 1994 година. Во своето професионално богато портфолио, брои многу успешно реализирани проекти и иновативни решенија. Пред 22 години, ја инсталираше првата дигитална печатница во Државниот завод за статистика за печатење гласачки картички и избирачки списоци. Потоа, реализираше проект за обележување на животните со радиофреквентна идентификација, соработка со УНДП во Косово за компјутеризација на институции. Сé уште активен е проектот за воведување фискална политика во Македонија и создавањето комплетно ново софтверско решение Ultima®ДУНА.
Дуна вработува околу 80 лица и има две канцеларии во Србија и во Албанија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×