Со факултет во секој град, џабе пакет реформи
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Неверојатни податоци извади Заводот за статистика, откривајќи дека за само осум години бројот на факултети во земјава се искачил на 120, а паралелно со тоа бројот на студенти се зголемил само за илјада. Зошто имало потреба од отворање на толку многу високообразовни институции кога „пазарот“ не покажал дека има кој да ги користи нивните услуги? Каква функција вршат овие факултети и кој има ќар од нив, ако тоа не се студентите? Како воопшто може да се збоува за некаков пакет реформи, а да не се отвори прашањето за резултатите од проектот „Факултет во секој град“…И, секако, клучното прашање- каде ни отидоа студентите?

Иако бројот на факултети во земјава е тројно зголемен во последниве седум години, бројот на студенти пораснал за само илјада. Овие фрапантни податоци до коишто дојде „Капитал“ преку Заводот за статистика откриваат фијаско на политиките за масовно отворање на универзитети низ малечките градови, оти ако во академската 2006 – 2007ма во Македонија имало 43 факултети денеска нивниот број се искачил на неверојатни 120. И доколку нормално би било да се претпостави дека паралелно со овој енормен раст растел и бројот на студенти, реалноста не е таква –  вкупно 55 673 студенти биле запишани на 43 факултети во 2006-2007ма, а на 120-те денеска студираат само илјада повеќе – поточно 56 697.

Колку што пораснал бројот на студенти, пораснал и бројот на настанички кадар. Во 2006-2007ма имало 1592 наставници, а денеска има  2251 наставници. Математиката е дека на секој еден нов студент се вработувал и по еден наставник.

Како може да се објаснат овие бројки? Зошто имало потреба од отворање на толку многу високообразовни институции кога „пазарот“ не покажал дека има кој да ги користи нивните услуги? Каква функција вршат овие факултети и кој има ќар од нив, ако тоа не се студентите? И можеби клучното прашање- каде се децата?

Бројките сами по себе отвораат многу прашања и дилеми, на коишто Капитал се потруди да најде одговор, но пред се се појавуваат и во еден клучен тајминг, среде најавени коренити реформи на македонското образование од една страна и силно незадоволство токму од тие реформи од страна на студентите, од друга. Пред нецели две недели во Скопје се случија најмасовните протести во последната деценија организирани од Студентскиот пленум (организација на македонските студенти), а поттикнати од најавата на Владата дека ќе се воведе државен испит како реформа за подобрување на слабиот квалитет на македонското образование. Илјадниците студенти и нивни поддржувачи кои излегоа да кажат „не“ за оваа владина идеја, не само што не ја предомислија Владата, туку напротив ја инспирираа да отиде и чекор понатаму, па минатиот викенд министерот за образование Абдулаќим Адеми заедно со неговиот заменик, Спиро Ристовски излегоа на заедничка прес-конференција (веројатно да демонстрираат обединетост во коалицијата по ова прашање) за да кажат дека државниот испит ќе биде надграден и проширен, односно дека ќе дојде во пакет со уште четири други реформи, кои меѓу другото предвидуваат формирање на академија за наставници и воведување на лиценци за наставници, реформа на болоњскиот систем, право на странски државјани да бидат декани и.т.н

Како ќе се развива сега распламтената релација Влада-студенти, дали ќе има нови протести како што се најавува, каква јавна дебата ќе има виза ви предложениот пакет реформи и како на ова ќе одговорат професорите, деканите и ректорите останува да се види, но „Капитал“ во меѓувреме го отвора клучниот проблем, преку фактот дека ерозијата на квалитетот во македонскиот образовен систем се случува систематски, со години, а една од главните причини е токму дисперзијата на разни „факултетчиња“ со сомнителен квалитет, програма и филтри за кадарот што низ нив поминува и завршува како група магистри, дури и доктори на науки….

Целиот текст можете да го прочитате во печатеното издание на Капитал од 19.12.2014

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×