Дури третина од трансакциите со картички во земјава се за вадење кеш од банкомат
Објавено на од во Економија
Платежните картички издадени во земјата, од аспект на бројот на извршени трансакции на уреди лоцирани во земјата во 2018 година, најмногу се употребувале во трговијата за вршење плаќања на физичките места на продажба со учество од 64% во вкупниот број трансакции со платежни картички”, покажува најновиот извештај за плаќањата во земјава објавен од страна на Народната банка на Р.С.Македонија.
Картички
Користењето на платежните картички за повлекување готовина од банкоматите е сè уште високо и изнесува 33%, но нивното учество во вкупните трансакции со платежни картички забележа годишно намалување од 3 процентни поени.
Учеството на трансакциите со платежни картички за вршење плаќања кај интернет-трговијата е на ниско ниво и минатата година изнесува 3%.
Сепак, купувањето преку интернет станува сѐ позастапено, при што процентот на население во земјава кое купува преку интернет се зголемува од 5% во 2012 година на 25% во 2018 година, но и со тоа е речиси два и пол пати под просекот на ЕУ, иако 81% од населението користело интернет, што е релативно близу до просекот на ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×