Два од десет продадени мобилни телефони се класични, без „смарт“ можности
Објавено на од во hi-tech & business

Компанијата Ericsson уште еднаш го направи извештајот Mobility Report, што овојпат се однесува на трендовите на пазарот за комуникации во текот на вториот квартал од 2017 година.

Она што паѓа во очи од извештајот, е дека два од десет купени телефони во вториот квартал од 2017 се класични мобилни уреди без паметни можности.

Корисници на 4G LTE услуги сега во светот има околу 2,4 милијарди, од кои 260 милиони станале тоа почнувајќи од вториот квартал оваа година. Во истиот период бројот на претплатници на 3G услуги (WCDMA/HSPA) се зголемил за околу 30 милиони. Бројот на претплатници на традиционалните GSM/EDGE услуги забележал пад од 170 милиони корисници.

Претплатите врзани за паметни телефони сега се 56% од сите претплати на мобилна телефонија. Во тек на споменатиот втор квартал продадени се 370 милиони паметни телефони, што е 80% од сите продадени во кварталот.

Најголем раст на претплати на мобилна телефонија е забележан во Кина (19 милиони нови) и во Индија (17 милиони). Бројот на единствени претплатници на услугите на мобилна телефонија достигнал бројка од 5,3 милијарди (оваа бројка не ги вклучува случаите на неактивни претплати или многукратни претплати на ист корисник или пак, случаите, кога корисникот поседува повеќе мобилни уреди).

Расте и количината на сообраќај генериран преку мобилни уреди и тоа со 67% на годишно ниво (од вториот квартал на 2016 година, до вториот квартал на 2017) и со 10% на квартално ниво (во однос на првиот квартал од 2017). Раст има поради зголемениот број на претплати на мобилен широкопојасен пристап до Интернет, и поради сѐ поголемата употреба на онлајн видео сервиси и социјални мрежи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×