Дваесет и пет пратеници на Сириза преминуваат во нова партија – „Лева платформа“ на Панајотис Лафазанис
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Лева платформа“ што е крајно левичарската фракција на Сириза ќе се оддели за да создаде нова организација под името „Народно единство“, соопшти заменик-претседателот на Парламентот во Атина.

Во новата партија најавиле дека ќе преминат 25 од пратениците на Сириза, и ќе формираат нова парламентарна група што ќе биде трета по големина сила во грчкиот законодавен дом.

Троцкистот и поранешен министер за енергетика Панајотис Лафазанис ќе биде лидер на новата партија – истиот го предводеше бунтот против третиот пакет помош за Грција.

Се смета дека со овој чекор крајната ливица на партијата на Алексис Ципрас, токму него го поштедуваат од судрот што би се случил на партискиот конгрес пред предвремените избори, на кој расколот во Сириза би можел да добие поголем размер.

Грчкиот премиер Ципрас вчера поднесе оставка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×