Дваесетина кандидати се пријавени на огласот за нов државен јавен обвинител
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Дваесеттина кандидати се пријавени досега на огласот за нов државен јавен обвинител, што завршува денеска. Според законската процедура, по пријавувањето на кандидатите, Советот на јавните обвинители, по барање на Владата, во рок од 15 дена треба да достави образложено мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите.

Меѓу пријавените кандидати се адвокатите Ѕвонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Еленко Миланов, Тони Менковски, Арбен Гоља, Кирил Смичковски, поранешниот судија Валентин Зафировски, поранешниот обвинител Александар Наков, судијата Лазар Нанев, членот на Советот на јавни обвинители и заменик во Јавно обвинителство на РМ, Љупчо Јовевски, обвинителката од организиран криминал, Лидија Раиќевиќ, нотарката Лорија Ваневска, Сефула Османи и Крсте Кралевски.

Доколку Советот не даде мислење во рок од 15 дена, следуваат дополнителни 15 дена за мислење, по што, ако нема писмено известување, се смета дека мислењето е позитивно.

Потоа, постапката продолжува во Владата која на седница ги разгледува кандидатурите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители, и треба да донесе одлука за еден од кандидатите за кој претходно постои позитивно мислење од Советот.

Одлуката потоа оди во Собрание како Предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас.

Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.

На предлог на Владата, Собранието на РМ на 17 август го разреши Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија. Во причините за разрешувањето Владата наведе дека Зврлевски ја вршел функцијата незаконито, ненавремено и недоволно стручно. Со своето однесување и дејствување, според Владата, покажал дека не е способен за извршување на функцијата и го нарушил нејзиниот углед.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×