Две години и 12 милиони евра не ги намалија разликите во регионалниот развој
Објавено на од во Економија
Изминатите две години се обезбедени 12 милиони евра за поттикнување на рамномерениот регионален развој. Реализацијата е значително висока, над 95 проценти. Минатиот период, од 2008 до 2017 година, за оваа намена биле планирани вкупно 30 милиони евра, а реализацијата изнесувала над 55 отсто, рече заменик – минизтерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.
poloski-region-karta-e1550500661671Павлески на меѓународната научна конференција „Добри практики за регионален развој во Источниот регион“, истакна дека, сепак, се уште разликите меѓу регионите во однос на развиеноста се големи. Разлики има и внатре, во регионите, како и во општините, урбани и рурални.
„Интенцијата е да се зголемат средствата за рамномерен регионален развој и за наредната година, а центрите за развој на планските региони и општините ќе мора да предлагаат проектите кои се ефикасни и приоритетни за регионите“, нагласи заменик-министерот.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека соработката меѓу општините и регионите треба да зајакне. само така, според него, ќе се почувствуваат придобивките од рамномерниот развој.
Претседателот на Советот на градоначалници на Источен плански регион, Николчо Илијев рече дека за земјава е многу важен регионалниот развој за да се стопира миграцијата на младите и на населението воопшто. Искуствата од соседните земји говорат дека одлуките за развој на регионите се носат веднаш, не се оставаат за некој друг ден.
Дводневната конференција се одржува во штипскиот Мултимедијален центар „Кири Глигоров“. Се очекува заклучоците што ќе бидат донесени, да послужат во изготвувањето на новата десетгодишна стратегија за рамномерен регионален развој.
Организатор на конференцијата е Центарот за развој на Источен плански регион, со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×