Две штипски училишта добија грантови од Фондот за иновации
Објавено на од во Економија
Две штипски училишта добија грантови по 5.000 евра од Фондот за иновации. Едниот грант го доби  средното електро-машинско училиште  „Коле Нехтенин“, а вториот – Општинското основно училиште „Ванчо Прќе“.
fitr banerТимот од средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ доби средства за едукативна фотоволтаична табла. Менторот на тимот и професор Стојан Хаџи-Николов вели дека на неа учениците на практичната настава ќе можат да ги поврзуваат елементите за производство на електична енергија.
Професорот по практична настава Тони Максимовски појасни дека оваа табла ќе им помогне на учениците од насоката електро во практичната настава.
-Учениците за време на практичната настава ќе креираат реални фотонапонски кола, со што ќе се обучат за идни монтажери, за фотонапонски ситеми за домаќинствата, рече  Максимовски.
Директорот на СОУ „Коле Нехтенин“ Дејан Павлов изјави дека наградите што ги освоија нивните ученици е поттик да се повикаат завршените ученици во основните училишта од регионот да се запишат во нивното училиште.
Штипското основно училиште „Ванчо Прќе“ доби грант од 5.000 евра за рециклирање на автомобилски и останати гуми со цел рециклираните гуми да бидат поставени како под на создадат модерно детско игралиште.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×