Две третини од трговијата со услуги на земјава се за лон производство
Објавено на од во Економија

Foto1 za glavna CРасте извозот на услуги од Македонија, но нивниот увоз расте повеќе

Извозот на услуги од Македонија вопрвата половина од годинава е за 3,76% поголем во однос на истиот период лани и изнесува 736,3 милиони евра. Увозот на услуги во земјава, пак, годинава е за 9,69% поголем во првото полугодие, со што нето ефектот од услугите за земјава изнесува 200,5 милиони евра, за 9,34% помалку во однос на 2018 година. За цела 2018 година, извозот на услуги од земјава пораснал за 9,54%, на 1,57 милијарди евра, но за уште поголем процент, односно за 14,09% пораснал и увозот на услуги, па на крајот билансот бил 362,2 милиони долари, за 3,35% помалку од годината претходно. 
Размената на услуги ја следи трговијата со стоки, која што драстично порасна заради производството во фабриките на странските инвеститори во Бунарџик и другите индустриски зони. Две третини од вкупната вредност на услугите – извоз и увоз – отпаѓа на категоријата Производни услуги за доработката на стоки во туѓа сопственост – или познато како лон производство.

 

Расте извозот на услуги од Македонија последниве пет години, но расте и увозот, покажува статистиката на платниот биланс на земјата што ја води Народната банка – НБРСМ. Минатата, 2018 година, извозот на услуги изнесувал 1,57 милијарди евра, што е за 9,54% повеќе во однос на 2018-та, додека увозот пораснал со поголема стапка, за 14,09%, на 1,2 милијарди евра. Оттаму, нето позицијата на услугите трпи промена од 374,7 на 362,2 милиони евра, или 3,35% помалку во однос на годината претходно.
Во однос на 2013 година на пример, или за пет години, извозот на услуги е пораснат за 36,06%, но затоа пак увозот пораснал за 55%, што како последица во нето износот дава пад од 3,4% или околу 13 милиони евра помалку.
Извозот на услуги од Македонија продолжува да расте и вопрвата половина од годинава, за 3,76% е поголем во однос на истиот период лани и изнесува 736,3 милиони евра. Но повторно, заради повисоката стапка на раст на увозот на услуги во земјава, од 9,69%, нето ефектот од услугите за земјава изнесува 200,5 милиони евра – поточно, за 9,34% помалку во однос на 2018 година.
Најголемо учество во размената на услуги со странство зазема категоријата Доработка на стоки во туѓа сопственост, која што во 2018 г. во вкупниот извоз на услуги учествува со две третини или 67,28%, додека во увозот со 65,8%. На извозната страна овие услуги лани за првпат ја надминале вредноста од една милијарда евра или поточно 1,056 милијарди евра, додека на увозната страна вредноста била 795,5 милиони евра, што значи нето билансот е 261,1 милиони евра. Ова значи дека во Македонија влегле полупроизводи (облека, автомобилски делови, итн.) во вредност од речиси 800 милиони евра, и излегле како извоз со поголем степен на обработка вреден без малку 1,1 милијарди евра.
Извозот на вакви услуги, односно производи што се доработуваат во земјава лани бил за 6,6% поголем во вредност во однос на 2015, додека увозот пораснал речиси за истиот процент, односно за 6,5%. Нето билансот на крај е поголем во вредноста за 7%.
Tabeli za Tema izvoz uslugiДоработките на автомобилските катализатори предничат во извозот на услуги
Она што се забележува од статистиката на платниот биланс на НБРМ е значителниот пораст на вредноста на услугите во изминативе десет години. Така, ако во 2008 година вкупниот извоз на услуги изнесувал 856,8 милиони евра, а увозот 668,7 милиони, во 2018-та извозот е за 83% поголем, а увозот пораснал за 81%. Растот се забележува кај сите категории, иако предничат веќе споменатите доработки на стоки во туѓа сопственост, кои што пред 10 години изнесувале 681,3 милиони евра извоз и 497,8 милиони евра увоз, додека лани се за 55% и 60% поголеми износите, респективно.
Она што истакнуваат нашите соговорници на темава, познавачи на надворешно -трговските прилики на Македонија, е дека отворањето на неколкуте фабрики на странските инвеститори во слободните економски зони е клучниот фактор за ова зголемување на вредноста на извозот и увозот на услуги за доработка на стоки.
Ако порано оваа доработка, или т.н. лон производство се однесуваше претежно за текстилната индустрија (доработка на лесна или тешка конфекција во домашните текстилни фабрики и повторно излегување на готовата облека од Македонија, н.з.), сега на доработка доаѓаат полупроизводи од хемиската, индустријата за автомобилски делови, итн., кои што, исто така, се доработуваат во земјава и потоа излегуваат како извоз со поголема додадена вредност. Ова се поткрепува и со официјалната државна статистика за надворешната трговија, каде што за 2018 година, вкупниот извоз од Македонија е 5,86 милијарди евра, при што извоз на лон производство е 1,079 милијарди евра (токму 1,056 милијарди евра е вредноста на извозот на услуги во категоријата доработка на стоки во туѓа сопственост, н.з.). Притоа, во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите за проводници за палење и сл. за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Увозот пак лани бил 7,7 милијарди евра, од кои што лон во вредност од 784,6 милиони евра (795,5 милиони евра се услугите за доработка на производи што ги бележи НБРМ, на увозната страна, н.з.). Во вкупниот увоз доминираат платината и нејзините легури, нафтени масла, други метали, итн.
Добар тренд кај транспортните услуги
Зголемувањето на надворешната трговија на стоки, следено од порастот на вредноста на услуги во лон производството, ја следи и зголемувањето на транспортните услуги, финансиските и други деловни услуги, а пораст во платниот биланс на државата бележат и ставките за градежни услуги, туристички услуги, телекомуникациски услуги, итн.
Со таа разлика што, во категориите услуги за доработка на стоки, патување, телекомуникациски, компјутерски и информациски услуги, транспорт, лични, културни и рекреативни услуги, градежништво, како и категоријата други деловни услуги, земјата во 2018 година забележала суфицит во платниот биланс, при што најголем е во прво споменатата категорија, 261,1 милион евра, а најмал кај градежништво, 2,2 милиони евра. Додека, пак најголем дефицит Македонија има во категоријата услуги означена како надомест за користење на интелектуална сопственост, цели 155 милиони евра, потоа во финансиските услуги речиси 20,8 милиони евра, во ставката владини услуги 12,3 милиони евра, услуги за поправки и одржување 8,1 милиони евра, и на крај, категоријата осигурителни и пензиски услуги, со 6,7 милиони евра дефицит во платниот биланс.
Карактеристично е што изминативе неколку години расте извозот, но и увозот на градежни услуги, со тоа што увозот расте со поголема динамика, па се продлабочува и дефицитот во оваа категорија, освен минатата, 2018 година каде што имаме суфицит, првпат после пет години по ред прикажување дефицит во оваа билансна ставка. Објаснувањето е со поголемите ангажмани на странска градежна оператива на изградбата на патишта во Македонија, финансирани од странски кредитни линии.
Tabeli za Tema izvoz uslugi 2За првата половина на годинава, пак, билансот во делот градежни услуги, повторно е дефицит, во износ од 16,1 милиони евра.
Во делот пак, на транспортните услуги, после десетгодишниот период на постојан дефицит во билансот, од 2013 година наваму се забележува пораст на нето вредноста на билансот, односно од негативен (-30,8 милиони евра) во 2012 година, стигнал до речиси 62 милиони евра во 2018-та. Ова, повторно се должи на зголемената ангажираност на домашните превозници при увозот и извозот на суровини и готови производи од странските директни инвестиции, но како што велат познавачите на овој бизнис, расте и количината на превезена стока од стана на македонски превозници за потребите на странски компании коишто и не мора да се инвеститори во земјава. Да го илустрираме овој тренд со малку повеќе бројки: ако во 2013 година извозот на транспортни услуги изнесувал 275,7 милиони евра, а увозот речиси идентично, односно 272,4 милиони евра, во 2018 веќе има пораст на извозот за 42%, на 391,2 милиони евра, а на увозот за 21%, на 329,4 милиони евра.
Евтините летови доведоа до побрз раст на увозот на патни услуги
Слично како и кај транспортот, и во категоријата услуги за патувања земјава бележи континуиран пораст изминативе пет години, односно од вредноста на извозот на услуги (доаѓања на странци во земјава) од 200,8 милиони евра во 2013 година, лани оваа вредност изнесувала 325 милиони евра, или за 62% повеќе, додека во ставката увоз (патувања на македонски граѓани надвор од земјата), вредноста е 219,8 милиони евра, што е за 123% повеќе за разлика од пред пет години. Нето билансот во категоријата услуги за патувања се движи во границата од 90 до стотина милиони евра изминативе пет и повеќе години и овој суфицит практично не се зголемува, затоа што увозот на услуги во секторот патувања расте со поголема стапка од извозот, односно, патувањата на македонските граѓани надвор од земјата растат со побрзо темпо одошто доаѓањата на странците во земјава. Најголем удел во овој тренд на побрзо зголемување на увозот на патни услуги има воведувањето на поголем број авионски линии од аеродромите во Скопје и Охрид кон повеќе европски дестинации што се случи изминативе неколку години од страна на нискобуџетни авиокомпании од Европа, а најмногу унгарската Визер, што овозможи голем број на македонски граѓани да патуваат с$ почесто.
Во категоријата други деловни услуги, која што опфаќа неколку поткатегории на услуги, доминираат вредностите на услугите за професионално и деловно советување, каде што извозот во 2018 година бил 133,3 милиони евра, а увозот 117,6 милиони евра, како и техничките услуги, услугите поврзани со трговија и други деловни услуги, со вредност на извозот од 113,8 милиони евра, и увоз од 93,8 милиони евра, што значи дека и кај двете категории има суфицит во билансот, поточно, 15,6 милиони евра и 20 милиони евра респективно.

 


ProgrameriТрикратно зголемен извоз на софтверски услуги за пет години

За пет години извозот на софтверски услуги пораснал трикратно, од 52,4 милиони евра на 154 милиони евра, додека увозот пораснал за 60%, на 54,1 милиони евра. Нето ефектот од овие услуги за македонските ИТ компании пораснал за фантастични 439%, од 18,5 во 2013 година на речиси 100 милиони евра во 2018 година, иако во бизнисот на програмерите доминира аутсорсингот. За поголема додадена вредност на компјутерските услуги фалат програмери на пазарот, велат од ИТ Бизнис комората МАСИТ.
Од бројките на НБРМ се гледа дека прометот со телекомуникациски, компјутерски и информациски услуги исто така бележи значителен пораст изминативе пет години, односно од 119,7 милиони евра извоз во 2013 година, стигнал до 183,8 милиони евра во 2018, а кај увозот од 73,2 милиони евра, на 89,9 милиони минатата година. Нето билансот во оваа категорија од 46,6 милиони евра пред пет години, лани станал речиси 94 милиони евра. Во оваа категорија на услуги, доминираат компјутерските услуги, односно извозот, но и увоз на софтвер, каде што исто така постои значителен удел на “лон производство“, поточно доработки на пратени кодови од страна на клиенти за кои што работат домашните програмерски фирми. Познавачите на овој пазар велат дека околу 90-95% од договорите на софтверската индустрија се субконтракторски, односно македонските фирми практично се подизведувачи на нарачателите од странство. Тоа е всушност аутсорсингот што доминира во македонскиот извоз на софтвер, наспроти само 5% од договори што се поврзани со софтверски продукти произведени од страна на домашните ИТ компании.
За пет години извозот на софтверски услуги пораснал трикратно, од 52,4 милиони евра на 154 милиони евра, додека увозот пораснал за 60%, на 54,1 милиони евра. Нето ефектот од овие услуги за македонските ИТ компании пораснал за фантастични 439%, од 18,5 во 2013 година на речиси 100 милиони евра во 2018 година, иако во бизнисот на програмерите доминира аутсорсингот.
И годинава продолжува трендот на пораст на извозот на компјутерски услуги, односно за првите два квартали забележан е извоз од 81,6 милиони евра, што во однос на истиот период лани е повеќе за 20%, и увоз од 29 милиони евра, што е повеќе за 21%. Суфицитот во билансот кај овие услуги изнесува 52,6 милиони евра во првото полугодие годинава, што е за 19,7% повеќе од истиот период лани.
Просечната плата во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности за месец октомври изнесува 63.870 денари, што е највисока исплатена нето плата во Македонија според Заводот за статистика. Но, и покрај тоа од ИТ бизнис комората велат дека нивните членки имаат проблем да ги задржат програмерите коишто интензивно заминуваат од земјава.
„ИТ секторот покрај високите плати, нуди многу други бенефиции, како приватно здравствено осигурување, животно осигурување, дури и сопственички удели им нудат сопствениците на некои ИТ фирми на своите клучни вработени со цел да ги задржат. Сепак, информатичарите заминуваат од земјава. Од поголемите компании минимум по еден човек месечно си заминува, некогаш и повеќе. Одат претежно во Германија, Холандија, скандинавските земји, поретко во САД, Канада или Австралија.“, изјави Анита Никова – Бундовски од ИТ бизнис комората МАСИТ за Капитал пред неколку месеци.
Според неа причините за ова заминување на ИТ кадрите пред сè е големата побарувачка за нив на светскиот пазар, каде што може да добијат неколку пати поголема плата, но и нивното незадоволство од општите состојби во земјава.
„На секторот во моментов му требаат околу 3.000 нови информатичари, од коишто половина треба да се сениор програмери, односно, со поголемо искуство. Тие и најмногу заминуваат од земјава, но си одат и млади, с$ уште недипломирани кадри што се вели.“, додава Никова – Бундовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×