Две водечки европски банки не поминаа на американски стрес тест
Објавено на од во Економија
Европските банки Santander и Deutsche bank не успеаја да го поминат успешно американскиот банкарски стрес тест, спроведен од Федералните резерви на САД.

Стрес тестот требаше да утврди дали банките може да се справат со нова финансиска криза. За разлика од 31 најголеми американски банки, кои што успеаја да ја поминат успешно првата фаза од редовниот годишен стрес тест на Фед, двете водечки европски банки, кои што имаат операции во САД – германската Deutsche bank и шпанската Santander, не успеаја да го поминат.
Истовремено, Федералните резерви побараа од банкарскиот гигант Bank of America да ги ревидира своите финансиски планови заради “извесна слабост“, а ревизиите треба да се направат до 30 септември годинава.
Тестовите, познати како Comprehensive Capital Analysis and Review), утврдуваат дали најголемите банкарски институции, што работат во САД, имаат способност да даваат кредити на фирми и физички лица, дури и во период на напнатост на финансиските пазари, или поедноставно кажано, дали се доволно капитализирани, за да го поддржат кредитирањето дури и во време на тешка светска рецесија. Американската централна банка спроведува годишни стрес тестови на банки со активи поголеми од 50 милијарди долари.
Германската Deutsche bank, веднаш по извештајот на Федералните резерви, изјави дека ангажирала 1800 службеници кои што ќе се посветат на тоа банката да може да гарантира дека системите и механизмите за контрола на банката се најдобрите во својата класа.
Скот Пауел, извршниот директор на американската подружница на шпанската Santander, која што втора година по ред не ги поминува стрес тестовите на Фед, вели дека имало напорна работа, за да се одговори на очекувањата на регулаторите и на сопствените стандарди за квалитет на банката. Тој додаде дека и покрај резултатите Santander не била спречена да подели дивиденда на акционерите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×