ДЗС: Просечна плата во јануари 24.517 денари
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година изнесува 24.517 денари, објави Државниот завод за статистика.
денариПросечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава во однос на јануари 2018 година, бележи зголемување од два отсто.
Растото се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална заштита 9,6%, рударство и вадење камен 8,3% и образование 5,3%.
Намалување на просечната месечна нето-плата во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација  за 21,4%, информации и комуникации 19,8% и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 14,3%.
Просечната месечна бруто-плата по вработен во јануари 2019 изнесува 36.386 денари и бележи зголемување од 3,3%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×