ДЗС: Просечната исплатена нето-плата, во ноември 2018 година, изнесува 24 548 денари
Објавено на од во Економија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесува 24 548 денари, oбјави деновиве Државниот завод за статистика. 

plata

Македонија има подобра просечна плата од некои земји од Африка, Азија, но далеку e од Европа каде просечните плати се високи.

Eден Индиец месечно заработува по 152 долари во просек, 132 зема работник во Пакистан, 124 во Гана, 123 во Бангладеш, 120 во Кенија, 62 во Етиопија, 48 во Авганистан, 38 во Конго, 33 во Мадагаскар. Сирија има просечна месечна плата од 153 долари, Нигерија 173, Виетнам 181, Украина 199, Мароко 239 долари. Во Египет земаат по 251 долар месечно во просек, во Индонезија 295, Филипини 305, Шри Ланка 320, покажуваат податоците од WorldData сумирани за 2017 година.  Овие земји се на дното, но над нив се редат балканските, односно нашите соседи кои исто така се сиромашни.

Во извештајот на ДЗС се наведува и дека во однос на ноември 2017 година лани просечната нето-плата по вработен во државата е поголема за 5,8 проценти, но затоа во однос на месецот пред тоа, или споредено со октомври лани, ноемвриската плата е помала за околу еден процент, односно за 269 денари. Статистичарите пресметале дека годишниот раст на платите најмногу се должи на покачувањето од 19,2 проценти во секторот информации и комуникации, од 18,6 проценти во рударството и вадењето камен и од 10,2 насто во здравствената и социјалната заштита. Во рударството и вадењето камен, иако на годишно ниво платата пораснала, во ноември во однос на октомври се намалила и тоа за 5,6 проценти. Месечниот пад на платите освен овој сектор го предизвикале и секторите други услужни дејности, каде што биле исплатени плати помали за 5,5 проценти и финансиски дејности и дејности на осигурување со месечен пад на нето-примањата од 3,5 отсто.

Според некои проценки просечната плата, која е во постојан раст и сега е нешто помала од 25.000 денари е недостижна за над 60 проценти од вработените во државата. Меѓу нив голем е и бројот на работниците кои примаат „гола“ минимална плата која е загарантирана со закон и која сега изнесува 12.000 денари.

Воведувањето на прогресивниот данок кој се однесува на платите поголеми од 90.000 денари, го исфрли на површина податокот дека толкави примања имаат само три проценти од околу 760.000 вработени, колку што има во државата. Дека просечната плата од 24.548 денари е измерена како средна вредност од платите што ги добиле сите вработени во државата, а не како дебелина на поединечните паричници, покажува и податокот дека соодносот на најмалата и најголемата плата во државата, што повторно како просек во дејноста ги пресметува ДЗС, е пет наспроти еден. Или, еден рибар, кој ја има најниската плата која во просек изнесува 11.937 денари и со тоа е под минималната законски загарантирана, треба да работи пет месеци и уште некој ден, за да заработи една плата на компјутерски програмер, чие просечно примање во ноември изнесува 60.260 денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×