ДЗС: За заштита на животната средина во 2018 година се потрошени околу 11 милијарди денари
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Трошоците за заштита на животната средина за минатата година изнесуваат 11.232.421.000 денари, информира Државниот завод за статистика.
foto-2-33Најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад (64,2 отсто), потоа учеството на трошоците за образовни, воспитни и други слични активности (9,7 проценти) и трошоците за управување со отпадни води (9,4 отсто).
Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за нејзино одржување. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 74,7 отсто, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 25,3 проценти.
Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 8.992.016.000 денари, односно 80,1 отсто.
Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 83,9 отсто се наменети за инвестиции, а 16,1 проценти за одржување на средствата.
Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 84,9 отсто.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×