Connect with us

lifestyle

East Gate Living – урбано живеење во новото срце на градот

Нов станбен комплекс во Скопје од висока категорија

објавено

на

На само 5 минути од центарот на Скопје и истовремено на помалку од 3 минути од парк-шумата Гази Баба, East Gate Living е новиот визионерски проект во изградба позициониран веднаш до East Gate Mall на улицата Беласица, кој во најмала рака ветува коренити промени во начинот на живеење во метрополата.

На неформалната средба одржана помеѓу менаџментот на Skopje East Gate и претставници на медиумите деновиве беше претставен East Gate Living, новиот модерен концепт на домување, како што велат од компанијата.

„Конечно, добри вести за сите што се во потрага по клучна промена во начинот на живеење во Скопје. На само 5 минути од центарот на Скопје и истовремено на помалку од 3 минути од парк-шумата Гази Баба, East Gate Living е новиот визионерски проект во изградба позициониран веднаш до East Gate Mall на улицата Беласица, кој во најмала рака ветува коренити промени во начинот на живеење во метрополата.“, рече Игор Давков, извршен директор на Skopje East Gate.

Сместен во единствениот повеќенаменски проект од овој размер, распространет на вкупна површина од 13 хектари и зелена површина од 2,5 хектари, East Gate Living е одговорот на потребата од нова визија во живеењето, потребата од квалитетен, активен живот и потребата од широк поглед на природата околу себе, истакнуваат од инвеститорот.

Бројот на планирани станбени единици во East Gate Living во првата фаза на изградба е 672, а тоа е повеќе од 50 % од вкупниот број завршени станови изминатата 2020 година. Токму оваа градежна динамика е во тесна поврзаност со трендот на побарувачка на станови, која од година во година рапидно се зголемува.

Првата фаза на изградбата треба да заврши во 2023 година, а преостанатите 6 згради од планираните 10 треба да бидат готови до крајот на 2027 година, во зависност од динамиката на побарувачка, објаснија од менаџментот на East Gate.

Станови од 42 м2, па сè до дуплекси од 210 м2 

Извршниот директор на East Gate Skopje и на East Gate Living , Игор Давков, вели дека првите четири станбени згради од вкупно планираните 10 ќе бидат готови во 2023 година.

Една од уникатните карактеристики е чистото опкружување околу зградите и детално планираниот простор, при што паркинзите се лоцирани под зградите на паркинг-простор, кој брои 818 паркинг-места, а дополнително на располагање е и сервисен паркинг со вкупно 152 паркинг-места.

Едни од урбаните „виновници“ за живеењето во East Gate Living во поинаков, модерен такт и динамика се светски познатите и наградувани Yazgan Studio од Анкара, предводени од двоецот Керем Јазган и Бегим Јазган. Проектите на ова студио се познати по својот отворен дизајн на ентериери чиј приоритет е светлина, просторност и премиум материјали.

За прв пат во нашата земја, идните станари на East Gate Living ќе може да го почувствуваат ритамот на урбаната синергија, спојот на убавината и функционалноста, зеленилото и пространоста. Изборот на станови од 42 м2, па сè до дуплекс станови до 210 м2 ветува разноликост и динамика каква што досега оваа метропола, па и овој регион немаат засведочено. Цената на станбениот квадрат ќе биде од 1.250 до 1.350 евра, плус паркинг местото од 7.000 евра, коешто мора задолжително да се купи во пакет со станот.

„Ние не градиме обична градба, празен простор за живеење– со East Gate Living ние оформуваме нов начин на живеење, нова перспектива за секого. Секој метар од овој простор е совршено проектиран според сите светски стандарди. Знаеме дека просторот помеѓу зградите е неопходен: нашите блокови се на растојание од 50 метри.Знаеме дека градското зеленило е неопходно: зеленило проектиравме насекаде, а до нас е прекрасната парк-шума Гази Баба“, вели Давков.

„Врвното шопинг-искуство на ултрапопуларни светски брендови е нешто што е долгоочекувано: до нас е регионалниот гигант East Gate Mall, во кој секое искуство е врвно, неповторливо. Сите вие, сегашни и идни сограѓани, добре дојдовте во иднината на урбаното живеење. Живејте во срцето на Скопје, во срцето на урбаната иднина“, додава тој.

Заедничка инвестиција на четири компании

На само 5 минути од центарот на Скопје и истовремено на помалку од 3 минути од парк-шумата Гази Баба, East Gate Living е новиот визионерски проект во изградба позициониран веднаш до East Gate Mall на улицата Беласица, кој во најмала рака ветува коренити промени во начинот на живеење во метрополата.

Изградбата на East Gate Living, комплексот станбени згради стратешки позиционирани во новото урбано срце на градот, е во тек. Продажбата на станбен простор е веќе започната, а за да добиете повеќе информации за цените и предностите за живеење во East Gate Living, посетете ја страницата www.eastgateliving.mk или, пак, нивните профили на Facebook и на Instagram на социјалните мрежи.

East Gate Living е заедничка капитална инвестиција на неколку компании, и тоа: Financial Union Skopje – Unionnet – агент на Western Union во нашата држава, East Gate – дел од групацијата БАЛФИН, АК ИНвест и SMS Construction.

Групацијата БАЛФИН (Балканска финансиска инвестициска групација) е една од најголемите и најуспешните инвестициски групи во регионот на Западен Балкан. Географски, групацијата БАЛФИН е присутна во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Холандија, вработувајќи приближно 6 000 луѓе. Активностите на групацијата БАЛФИН вклучуваат развој и управување со недвижнини, малопродажба, рударска индустрија, банкарство, туризам, енергија, логистика итн. Групацијата БАЛФИН расте стабилно и има позитивно влијание врз локалните заедници преку економски развој, раст на вработеноста и социјални инвестиции.

Continue Reading
технологии / компании4 часа ago

Трендови на коишто треба да внимаваат огласувачите во 2022

македонија4 часа ago

Пет амбасадори на ЕУ земји дискутираа заедно со студентите на тема иднината на Европа – перспектива од земја кандидат

економија4 часа ago

ДДВ-то го наполни буџетот за четвртина повеќе од лани

македонија4 часа ago

Се менуваат алатките, не и новинарските вредности

економија4 часа ago

Просечната каматна стапка на кредити за компании се спушти до 3,55%, а за домаќинства до 5,23%

економија4 часа ago

И покрај моќните ефекти на пандемијата, побарувачката за кредити се врати

Business4 часа ago

Македонските угостители сакаат свој „биткоин“

start up4 часа ago

Топ 5 совети за успех на стартап бизниси

економија8 часа ago

Дигитализацијата бара нови вештини – неформалното образование станува сè поважно

економија18 часа ago

Развојната банка објави јавен повик за корисниците на ,,Ковид 3” кредитната линија, за дополнителен грејс период од 12 месеци

коментари1 ден ago

Благојче Котески: Совршена енергетска бура или дел од „новото нормално“???!!!

економија8 часа ago

Дигитализацијата бара нови вештини – неформалното образование станува сè поважно

економија7 дена ago

Пласирани 16,9 милиони евра кон домашните компании преку Развојната банка

македонија2 дена ago

Македонските угостители сакаат своја крипто валута

политика4 дена ago

Ковачевски: Не сум ничиј човек, туку човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ

технологии / компании2 дена ago

На „Стартапувај 3“ обезбедена најголема финансиска поддршка за стартапите во историјата на ФИТР

економија18 часа ago

Развојната банка објави јавен повик за корисниците на ,,Ковид 3” кредитната линија, за дополнителен грејс период од 12 месеци

економија4 дена ago

Пешев: Компаниите нема да издржат уште еден локдаун

економија3 дена ago

Просечната каматна стапка на кредити за компании се спушти до 3,55%, а за домаќинства до 5,23%

македонија23 часа ago

Панел дискусија на УАКС: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан