ЕБОР: Изградбата на инфраструктурата да биде приоритет во Западен Балкан
Објавено на од во НАВИГАТОР

pegasus_LARGE_t_160_14182341 WEBПодобрувањето на инфраструктурата во земјите од Западен Балкан е важно за привлекување на повеќе инвеститори, а за тоа тие имаат поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), истакна директорот за Србија на оваа меѓународна финансиска институција, Даниел Берг.

Подобрувањето на инфраструктурата во земјите од Западен Балкан е важно за привлекување на повеќе инвеститори, а за тоа тие имаат поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), истакна директорот за Србија на оваа меѓународна финансиска институција, Даниел Берг.
Тој во своето последно интервју истакна дека владите од земјите од регионот треба да се фокусираат не само на крупната инфраструктура што подразбира изградба на автопати, железнички пруги, туку и поедноставување на процедурите на границите и побрз проток преку нив, поголема размена на информации, на работна сила.
Берг оцени дека инфраструктурата во Западен Балкан може да биде подобрена и дека во тоа своја улога ќе има и ЕБОР, потсетувајќи на низа проекти што се финансирани од оваа институција.
Според него, инфраструктурните проекти освен како реторички механизам за добивање на гласови на политички избори, мора да бидат зацртани во долгорочните планови на властите за да обезбедат основа за економски развој.
„Логично е таквите проекти да бидат дел од политичките процеси, но јас не гледам на тоа како на краткорочна активност. Напротив, изградбата на инфраструктурата мора да биде дел од економските процеси кои треба да креираат подобри услови за живот на граѓаните“, изјави Берг од ЕБОР.
Новиот министер за транспорт и врски Горан Сугарески, пак, пред неколку дена се Анка Јоана Јонеску, директор на Канцеларијата на ЕБОР во Македонија.
На средбата се разговарало за поддршката на ЕБОР делот на инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија.
„На Европската банка за обнова и развој гледаме како еден сериозен партнер во реализација на проектите во инфраструктура што ги ветивме пред граѓаните. Имаме интерес таа соработка да продолжи и во наредниот период”, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Оваа институција досега има поддржано вкупно 104 проекти во земјава, а инвестициите се проценети на 1,6 милијарди евра.
Изградбата на инфраструктурата според економистите, особено на автопати, железничките пруги, капацитети за производство на струја, според економистите мора да биде високо на агендата на новата влада.
Властите ќе мора да направат ремонт на целиот државен буџет, така што ќе се скратат непродуктивните трошоци, а тие пари ќе се наменат за инвестиции во крупната инфраструктура, бидејќи анализата на завршните сметки на буџетите од 2007 до 2015 година и податоците за извршување на буџетот за 2016 година, покажаа дека претходните власти вложиле помалку од 5% од народните пари во градежни и други градежни објекти. Односно, вкупно 25 милијарди евра потрошени народни пари за десет години, за изградба на патишта, железнички пруги, училишта, но и објектите од проектот Скопје 2014, претходните власти инвестирале само 1,2 милијарди евра.
Главна препорака и од бизнис заедницата до новата влада, е да се изгради модерна патна, железничка инфраструктура, хидроцентрали за производство на струја, нови училишта, болници, како основа за подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на животниот стандард на граѓаните.
Светска банка во една своја студија, сугерираше земјите во развој да инвестираат околу една четвртина од БДП (што во нашиот случај би било над 2 милијарди евра) во капитални проекти за да се забрза економската активност. Кај нас, ниту една Влада досега, не одвоила повеќе од 3%-4% од БДП за јавни инвестиции

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×