На земјите од Западен Балкан ќе им треба два века да го достигнат просечно ниво на приходи од ЕУ, ако напредуваат со ниски просечни стапки на раст, но тоа можеби треба да се промени, рече Зузана Харгитаи, директор на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан.
Можноста за промена на ова се гледа во фактот дека “земјите од Западен Балкан имаат добро образовани луѓе кои можат да бидат продуктивни како нивните врсници во Западна Европа”.
“Подобри институции, помалку мешање на владата, повеќе инвестиции во инфраструктурата – ова се најважните задачи, а ЕБOР е таму за да помогне во сите области”, рече Харгита за последното издание на списанието Бизнис.
Регионот на Западен Балкан, вели, има многу посилен економски потенцијал како интегриран пазар, поради што ЕБОР цврсто се залага за посилна регионална соработка.