ЕБОР: Западниот Балкан може да го брка европскиот просек и до 2220 година!
Објавено на од во Економија

EU-Zapaden balkan 2Шесте земји од Западен Балкан можат да го бркаат животниот стандард во сегашните земји членки на ЕУ до 2220 година. Тоа е песимистичкото сценариот ако и понатаму продолжат многу бавно да се справуваат со слабите институции, корупцијата, ниската продуктивност и преголемата улога на државата во некои економски сектори.

Ова го предвидува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во извештајот за Западниот Балкан објавен за време на Инвестицискиот самит кој изминативе два дена се одржува во Лондон, на кој учествуваат шесте премиери од земјите од Западен Балкан, Србија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.
Оптимистичката прогноза на ЕБОР предвидува регионот да го достигне нивото на БДП по глава на жител во 2053 година, што во секој случај значи дека на регионот ќе му претстои долг и неизвесен процес на социо-економска конвергенција.

Во моментот БДП по жител во шесте земји од Западен Балкан е на ниво од 25% од БДП по жител во поразвиените западноевропски економии, а на ниво од околу 50% од БДП по жител во 11-те поранешни комунистички држави од Источна Европа.
“Фундаментален проблемза бавниот економски развој е ниската продуктивност. Тоа се должи на години на недоволно инвестиции, слаби институции и тешка средина за водење на бизнис”, се вели во Извештајот на ЕБРД за Западен Балкан.
“Полната конвергенција на економиите на Западниот Балкан со економијата на ЕУ ќе бара сеопфатна реформска агенда за унапредување на продуктивноста и инвестициите”, велат од ЕБРД, од каде најголемите предизвици ги гледаат во конкурентноста и управувањето.

Претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти истакна дека ЕБРД досега вложила околу 10 милијарди евра во регионот и дека ќе продолжи да ги поддржува прекуграничните проекти во Западен Балкан

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×