Economist организира голем и важен самит за Западен Балкан на 1 октомври во Скопје, гостин и Алексис Ципрас  
Објавено на од во Економија
На 1 октомври во Скопје угледниот магазин Economist организира самит за Западен Балкан насловен “Reinforcing the momentum for European integration”.
300x250_WesternBalkans_2019_kapital
На настанот ќе учествуваат бројни гости од земјава и странство, а на панел-дискусиите, меѓу другите, ќе дебатираат поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц, поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел, заменик-претседателот на ЕП и европратеник од СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Бизнис магазинот Капитал ќе биде главен медиумски покровител на овој настан, за кој ќе читате подетално во следниот број на магазинот.
Конференцијата официјално ќе биде отворена со обраќањето на премиерот Заев на темата „Стабилност и растот на Југоисточна Европа. Дали сме на правилниот пат?“. Во официјалниот дел свое обраќање ќе има и поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел, кој ќе се обрати со говор за “Западниот Балкан во ера на конкуренцијана големите силите”
На првата панел-дискусија Заев, Ципрас и Шулц ќе дебатираат на темата „Кои се следните чекори за европска интеграција на Западен Балкан со посебен осврт на Преспанскиот договор“.
На втората панел дискусија говорници се вицепремиерот Бујан Османи, Гај Верхофстад, член на Европскиот парламент и поранешен премиер на Белгија и Димитриос Пападимулис, потпретседател на Европскиот Парламент.
На третиот панел насловен “Западен Балкан – Оставајќи ги назад ривалитетот и несигурноста“и новото поглавје со НАТО на кој како говорници ќе учествуваат министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Такан Илден, помошник на генералниот секретар на НАТО, Немања Стевановиќ, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Србија, американската амбасадорка во земјава Кети Мери Брнс.
Четвртиот панел е посветен на економски теми и него ќе се дискутира за економските предизвици за земјите од Западен Балкан и можните начини за поттикнување на регионалната соработка, а како говорници ќе бидат вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерката за финансии Нина Ангеловска, Матео Ривелини од Европската инвестициона банка, Бојан Марковиќ, заменик директор на секторот за економија и политика во ЕБРД.
На последниот панел ќе се разговара за можноста Западен Балкан да прерасне во бизнис центар, како регионот да привлече повеќе инвестиции и како преку иновации да се стигне до поголем раст. Говорници на овој панел ќе бидат Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори, Атранасиос Савакис, претседател на Федерацијата на индустрии во Грција и Марко Мантованели, претставник на Светска банка во земјава, како и претставници од македонскиот бизнис сектор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×