Еден Македонец прави 1.06 кг ѓубре дневно, двојно повеќе од светскиот просек
Објавено на од во Економија

Секој граѓанин на Македонија прави 1.06 килограми ѓубре дневно, а сите жители заедно во просек правиме 1.425 тони ѓубре дневно,  покажува последниот извештај на Светска Банка - What a Waste: A Global Review of Solid Waste Management.

До 2025 година, се претпоставува дека секој граѓанин на планетата ќе произведува 1.42 килограми дневно, односно нешто двојно повеќе од актуелниот просек на светско ниво, кој се проценува на 0.64 килограми дневно.

Кога станува збор за Македонија пак, се очекува дека до 2025 година секој жител во земјава, ќе произведува 1.6 килограми дневно.

Инаку годишниот светски просек на ѓубре се проценува дека до 2025 година тројно ќе се зголеми, односно од 0.68 на 2.2 милијарди тони годишно.

Најголемите создавачи на ѓубре, се вели во извештајот, се малите острови, меѓу кои на самиот врв се Тринидад и Тобаго (14.40 килограми по глава на жител дневно), Антигуа и Барбуда (5.5 килограми) и Ст. Китс и Невис (5.45 килограми).

Во развиениот свет пак, најголеми произведувачи на ѓубре се Нов Зеланд (3,58 килограми), Ирска (3.58), Норвешка (2.80), Швајцарија (2.61) и САД (2.58 килограми дневно по глава на жител).

Земјите кои најмалку произведуваат урбано ѓубре се Гана (0.09 килограми) и Уругвај (0.11 килограми) .

Во овој извештај се заклучува дека ѓубрето што се произведува дневно во светот расте со огромна брзина, дури многу побрзо од стапката со која расте урбанизацијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×