Еден милион евра од ЕБОР за инвестиции во зелена енергија
Објавено на од во Економија
Европската банка за обнова и развој со кредит од еден милион евра ќе поттикува инвестиции во зелена енергија во земјава.
millennium-leasing-polgeffСредствата, како што информираат од ЕБОР, ќе се пласираат во Прокредит банка Македонија, а ќе се користат за подобрување на енергетската ефикасност на станбените објекти, ќе помогнат во намалување на емисијата на гасови што создаваат ефект на стаклена градина и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата.
Корисници ќе бидат домаќинставата, здруженијата за домување и компаниите за сервисни услуги кои планираат да инвестираат во проекти на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Финансирањето на ЕБОР е под Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ).
Средствата можат да се користат за зелени технологии како бојлери, прозорци и осветлување.
Прокредит банка Македонија е третата македонска банка што се приклучува на оваа програма.
Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) во Северна Македонија е дел од Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) за Балканот во износ од 85 милиони евра, лансирана во 2017 година.
Програмата е заедничка инцијатива на Европската Унија (ЕУ), Федералното Министерство за финансии на Австрија и земјите кориснички на фондовите од Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×