Еден оди, 70 води: Хрватски бизнисмен пробива пат за домашните компании на европските пазари
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Визијата на Бранко Роглиќ, сопственикот на дистрибутерот Орбико, е преку неговите канали во средна Европа да пласира што е можно повеќе хрватски производи

Околу 70 хрватски компании покажале интерес за учество во долгорочниот проект за извоз на хрватски производи на пазарите од средна Европа преку дистрибутивните канали на Орбико, тврди сопственикот на оваа фирма Бранко Роглиќ. Како што пренесуваат хрватските медиуми, заинтересираните компании се претежно од прехранбениот сектор, а визијата на Роглиќ е создавање на канали за продажба низ кои што на најповолен начин ќе циркулира стока во тој дел на Европа и ќе дојде до околу 70 илјади продажни места.

Во Орбико, инаку една од најмоќните хрватски компании и еден  од водечките  европски дистрибутери  на стоки за широка потрошувачка, формиран е специјален оддел за извоз, а целта е силно да се поттикне извозот на хрватските производи, пред се’ на пазарите во Унгарија, Чешка, Словачка и Полска, на кои што Орбико го држи приматот во дистрибуцијата.

Освен големите производители како Краш, Подравка, Бадел 1862 и Сардина, за тој проект се заинтересирани и бројни мали и средни компании, а Роглиќ е особено задоволен од винарите, на кои што им предвидува успех на овие пазари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×