Еден поинаков маркетинг за стартапи
Објавено на од во Start-up

Airbnb-WEB Growth hacking како да направите пари со трик

Дефиниран како термин пред 5-6 години, “growth hacking” или “хакирање на растот“ е маркетинг алатка што стартапите, особено од технолошката сфера, сè повеќе го користат. Основното правило: се промовираат продуктите или услугите на една компанија со мал буџет користејќи иновативни алтернативни начини – социјалните медиуми и виралниот маркетинг и избегнувајќи ги скапите традиционални рекламирања како радио, ТВ и принт реклама.

 

Сè повеќе популарен термин во маркетингот на стартап компаниите е “growth hacking” (хакирање на растот). Тоа е магичната состојка заслужна за успехот на компаниите како што се Uber, Airbnb, Facebook, Linkedin, Tinder и многу други. Growth hacking претставува всушност нестандарден вид на маркетинг, што се осмислува преку анализа на специфичните карактеристики на една целна група потрошувачи, и пронаоѓање некаква “дупка во системот“ што овозможува добивање голем број корисници за многу кратко време, со никакви или минимални вложувања. Тоа може да биде со користење на некаква психологија на луѓето, или на пример, така што ќе се закачиме на некоја тема што е меѓу најпопуларните во земјата.

Повеќето познати компании што имале некаков “growth hack” всушност го имале тоа како примарен вид на маркетинг што ги подигнал до огромен успех, а сите други, конвенционални облици на маркетингот, како билборди, реклами, интернет банери, итн., им биле од секундарно значење или дури и воопшто не ги ни имале. Едноставно речено, тоа е “финта“ која ја завршува целата работа. Со тоа што, не се работи за никаква нелегална активност, туку сè е потполно легално и може да предизвика коментари од типот “е секоја им чест, како се сетиле“.

 Како Uber привлекува патници

Сите сме слушнале за Uber, алтернативата за такси превозот, која направи метеж во светската такси индустрија и практично ја урна во сите држави кај што се појавува. Компанијата на крајот од 2015 година беше проценета на 60 милијарди долари, а нејзината популарност секојдневно расте. Во нивниот случај, постојат два “growt hack-ови“ што ги користат за да стекнат голем број корисници за кратко време. Првиот hack се бесплатните возења за оној што првпат во животот користи Uber, но и за оној што го препорачува. Во праксата тоа функционира вака: Ако вие веќе користите Uber, тие ви велат: “еј, дали знаете дека може да добиете бесплатно возење за секоја нова личност што ќе ја наговорите да користи Uber? Не само тоа, ќе ви дадеме бесплатно возење и вам и на таа личност! Ова е вашиот код: ххх123, кога некој од вашите пријатели првпат во животот ќе повика наше возило, нека го впише тој код и возењето ќе му биде бесплатно, а вам ќе ви биде бесплатно првото следно возење“.

Вака поставениот систем му донесе на Uber експлозивен раст, а колкав е трошокот за воведување на нов корисник во приказната со помош на овој “hack”? Прво, тоа бесплатно возење е ограничено, не може да влезете во таксито и да му речете “вози ме мајсторе до Куманово за беспари“. Отприлика нив ги чини нешто помалку од 10 евра за некој да почне да ги користи нивните услуги. Некои од луѓето можеби нема никогаш да се врата како корисници, но мнозинството ќе почне да го користи Uber и ќе потроши многу повеќе на среден и долг рок.

Другиот “growth hack” што го има Uber e што во секоја држава предизвикуваат лавина текстови во медиумите, веднаш штом се појават.

“Ова дури и не го осмислува, ова се случува само од себе. Сценариото е секогаш исто: таксистите почнуваат да протестираат, а по медиумите се појавуваат вести со следнава содржина: ‘Злата компанија Uber ги загрозува нашите таксисти. Иако е поевтин од таксито, овој тип на превоз не е законски, и се заканува да остави без работа илјадници наши таксисти’. Што просечниот човек гледа во овој текст? ‘Поевтино од такси’. Во тој момент неговиот ум почнува да рационализира: ‘па добро, ќе се снајдат таксистите, а законот и треба да се промени, јас секогаш сум бил за напредок на човештвото и новите технологии, дај да го пробам тој Uber’. Ете, ова е уште еден ‘growth hack’ што не чини ништо, а носи огромен број нови корисници“, вели Исток Павловиќ, маркетинг менаџер и автор од Србија, кој што меѓу другото, ја обработува и темата за growth hacking во своите написи.

Тој вели дека кај сите “growth hack” тактики принципот е ист. Треба добро да размислите: Што да направам за да ги погодам луѓето во центар? Како можам да ја искористам психологијата на луѓето – нивната суета, алчност, срамежливост, мрзливост, така што овие човечки несовршености да работат за мене?

“Пред сè треба да имаме чувство за луѓето и нивните мисли. Потоа, треба да сме информирани – да знаеме што сè е актуелно сега, кои теми, кои социјални мрежи и каде се неискористените канали што никој не ги забележува. Класичното рекламирање – билборди, реклами, реклами, сето тоа им се исплатува на големите компании. Ним не им е потребен никаков ‘growth hack’, тие веќе пораснале и само треба да се појавуваат“, вели Павловиќ.

Airbnb ја искористи конкуренцијата за да порасне

Компанијата Airbnb денес е најголема во светот за изнајмување станови на краток временски период, и сериозно ја загрозија хотелската индустрија. Во голем број градови во светот може да добиете супер наместен стан по цена 2-3 пат пониска од хотелска соба. Вредноста на Airbnb денес се проценува на преку 25 милијарди долари. Кој е нивниот “growth hack” што доведе до критична маса на корисници?

За да го разбереме ова, мора да знаеме што е Craiglist. Тоа е најпопуларниот вебсајт за мали огласи во САД, а проширен е и во Европа, Азија, итн. И до неодамна огромен дел од огласите за издавање станови биле концентрирани претежно таму. Airbnb е неспоредливо поубав сајт од Craiglist кој што е непрегледен и грд (често прогласуван за најгрд сајт на интернет), но луѓето го користеле од навика. Но, Airbnb вовел една интересна опција, и тоа бил нивниот “growth hack”: секогаш кога некој кај нив би отворил налог и поставил слика од станот, тие би му дале опција со еден клик истовремено да го постави огласот и на Craiglist. Наместо да ги спречуваат луѓето да одат кај конкуренцијата, тие згора и ги туркале да го постават огласот и таму.

На Craiglist потоа би се појавил оглас за стан, во кој што секогаш пишува “ако сакате да ги видите сликите од овој стан можете овде, на сајтот Airbnb. Така, тие го преплавиле Craiglist со своите огласи, и милиони луѓе што пребарувале станови, порано или подоцна би кликнале и би дознале дека постои Airbnb, кој што е неспоредливо помодерен, полесен за користење и има богата понуда.


Son-Elis-WEB-01

Шон Елис

Овој човек го скова терминот “growth hacking”

Американецот Шон Елис се смета за творец на кованицата “growth hacking“, која што за првпат ја спомнал на својот блог во 2010 година. Елис е претприемач, бизнис ангел и ментор на стартапи. Основач е и директор на CatchFree, подоцна Qualaroo, креатор на софтверски решенија што им помагаат на компаниите како да заработат повеќе од посетите на нивните сајтови. Елис бил одговорен за маркетинг во неколку стартапи што постигнале планетарен успех, како Dropbox, Lookout, Xobni, LogMeIn и др. Тој пишува за магазинот Entrepreneur и весникот Wall Street Journal.


Македонски примери на Growth Hacking

Целта на growth hacking маркетинг техниките е да се промовираат продуктите или услугите на една компанија со мал буџет користејќи иновативни алтернативни начини – социјалните медиуми и виралниот маркетинг и избегнувајќи ги скапите традиционални рекламирања како радио, ТВ и принт реклама. Многу често growth hacking тактиките се дел од дигиталниот маркетинг затоа што се користи SEO – search engine optimization, Google analytics, контент маркетинг и А/B тестирање.

“Кога се зборува за growth hacking најчесто се мисли за група на маркетинг техники создадени за технолошки стартапи кои користат креативност, аналитичко мислење и социјални метрики за да ги продаваат своите производи и да добијат поголема визибилност за краток период.“, објаснува Ева Пиперевска, маркетинг специјалист во македонската софтверска компанија GSIX, која што во неколку прилики ги користела growth hacking техники за маркетинг целите на GSIX и производите на нивната компанија, како и за други клиенти. Таа посочи и неколку други интересни примери на “growth hacking” применет од домашни фирми.

За Vozime – македонска платформа за споделено патување која ќе биде пуштена за употреба наскоро. Во рамките на настанот Стартап Викенд Скопје, ние направивме постери – како патокази и сообраќајни знаци, од главниот влез на земја залепивме трака како патни ленти кои водеа до еден мал простор каде беше поставен Xbox и мало катче каде учесниците и гостите на настанот можеа да се натпреваруваат во трки со автомобили. На тој начин сакавме да го промовираме проектот и да го поврзаме со возење на автомобили. Исто така во рамките на Фејсбук страницата на платформата објавивме серија од интересни постови поврзани со патувања со кои го привлековме вниманието на нашите потенцијални корисници и им дадовме можност да се регистрираат и први да ја пробаат платформата уште пред да биде официјално лансирана. Taка добивме преку 800 лајкови за само неколку недели.

Златна книга – направија многу интересна Твитер кампања која беше иновативна и го привлече вниманието на целата македонска твитер заедница, па и пошироко.

Салонот за мебели Мак Примекс од Струмица за овогодишниот Св. Валентин направија многу интересна кампања кога поставија кревет на плоштадот во Струмица и им дадоа можност да струмичани да се сликаат седејќи на него во романтичен и удобен амбиент.

Македонската хостинг компанија МК Хост имаше интересна кампања со теглички ИТ зимница кои ги поделија на неколку настани. Тие во самата тегла имаа неколку подароци и промоција на своите услуги во форма на порака.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×