Единствена банка во Македонија со сертификатот ISO 14001:2015
Објавено на од во луѓе и компании

Minoski WEBПроКредит Банка го сертифицираше Системот за управување со животна средина

“Нашата посветеност кон заштита на животна средина може да се согледа преку активностите кои ги применуваме во секојдневното работење. Воведовме електрични возила во нашиот возен парк и со новите две кои ги очекуваме во првата половина од годината ќе располагаме со вкупно седум возила. Во континуитет со останатите имплементирани мерки за ефикасно користење на енергијата и ресурсите резултираме со намалена потрошувачка на хартија за 70% и енергија за 40% за последните три години”, вели Методија Миноски, Одговорен во Одделот за Управување со животна средина во ПроКредит Банка.

 

ПроКредит Банка успешно го заврши процесот на сертифицирање на Системот за управувње со животна средина со меѓународниот сертификатот ISO 14001: 2015. Процесот на сертификација беше изведен во текот на Декември 2016 со што ПроКредит стана првата банка во Македонија со ваков сертификат. Чинот на сертификација претставува потврда за успешно воспоставениот систем и институционалната пракса на оддржливо деловно работење од аспект на животната средина и усогласеност со домашните и меѓународните стандарди за зачувување на околината.

Системот за управување со животна средина е интегрален дел од клучните вредности на ПроКредит Банка и со имплементација на истиот банката континуирано придонесува кон намалување на негативниот импакт на околината. Системот за управување на животна средина во ПроКредит се состои од три столба. Првиот столб е насочен кон ефикасно користење на ресурсите кои се користат во интерните процеси на банката. Како дел од мерките кои ги применува ПроКредит во секојдневното работење се:

Користење електични автомобили кои не испуштаат штетни гасови во воздухот

Користење на обновливи извори на енергија за системите за греење и ладење, како и за производство на електрична енергија

Селекција и рециклирање на отпад во неколку категории: хартија, пластика, стакло и електронски отпад, со што се придонесува кон намалување на отпадот во животната околина

Континуирана едукација за подигнување на свесноста помеѓу вработените

“Нашата Централна Управа изградена во 2016 год. исполнува високи стандарди за зачувување на животната средина. Зградата користи обновливи извори на енергија за системите за греење и ладење, како и за напојување на електричните возила со електрична енергија. Дополнително во објектот се вградени изолациони материјали и прозори со многу ниска топлинска проводливост, кои заедно со зелените градини поставени на терасите ја зголемуваат енергетската ефикасност на објектот.” Изјави Методија Миноски, Одговорен во Одделот за Управување со животна средина во ПроКредит Банка.

Вториот столб од Системот за заштита на животна средина на ПроКредит се однесува на алализа на ризикот на секој одобрен кредит за инвестициите на клиентите. Банката има усогласена листа на дејности кои не ги финансира заради нивниот негативен импакт кон животната средина и општеството.

Финансирање на инвестициите во енергетска ефикасност, заштита на животна средина и обновливи извори на енергија се дел од третиот столб од Системот за заштита на животната средина на ПроКредит Банка. Со активно кредитирање на ваков тип на проекти, банката е насочена кон стимулирање на бизнис секторот во насока на воведување и користење на мерки кои придонесуваат за заштита на околината и истовремено заштеда на ресурси и намалување на трошоци. До сега, ПроКредит Банка има пласирано преку 35 мил ЕУР во кредити за инвестиции кои имаат позитивен придонес кон заштитата на околината, заштедата на енергија и искористување на обновливи извори на енергија и е првата банка во Македонија која нуди еко штедење.

Со ова ПроКредит Банка наметнува нови стандарди во банкарскиот сектор со цел поодговорно управување со нашата животна средина.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×