Една четвртина од биткоин трансакциите се поврзани со илегални активности
Објавено на од во hi-tech & business

Истражувачите Шон Фоли од Универзитетот во Сиднеј, Џoнатан Карлсен од Технолошкиот универзитет во Сиднеј, и Талис Путнинс од Стокхолмската школа за економија од Рига, спровеле истражување за тоа за што се користи денес најпопуларната криптовалута, биткоинот.

За добивање податоци истражувачите користеле методи од подрачјето на анализа на податоци. Истражувањето покажало дека околу една четвртина од биткоин трансакциите можат да се поврзат со одредени илегални активности и таквиот пазар има вредност од околу 72 милијарди американски долари.

Најчесто илегални активности за кои се користат криптовалути се финансирање на терористички групи, перење пари и избегнување плаќање данок. Во истражувањето, исто така, се истакнува дека добиените податоци никако не може да упатуваат на заклучок оти криптовалутите го поттикнуваат растот на црниот пазар на илегални активности, туку се само едно ново и поинакво платежно средство за постоечките криминални активности.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×