Една четвртина од европските компании користат роботи
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Една четвртина од големите компании со минимум и повеќе од 250 вработени користеле роботи во својата работа.

asdasdaesw

Според најновото истражување од Евростат, во текот на 2018 година, 7% од компаниите во ЕУ со минимум 10 вработени користеле индустриски или услужни роботи. Една четвртина од големите компании со минимум и повеќе од 250 вработени исто така ги користеле роботите во својата работа. Тоа го правеле и 12% од средните компании кои имаат од 50 до 249 вработени, а само 5% од од малите компании, кои имаат од 10 до 49 вработени, го правеле истото.

Најголем број компании во ЕУ кои користеле роботика, по земји, има во Шпанија со 11%. Следат Данска и Финска, со 10% па Италија со 9%.

Најмал удел од 1% бележи Кипар, додека со 3% нешто подобри се Естонија, Грција, Литванија, Унгарија и Романија.

Извештајот покажува и дека индустриските роботи се поискористени од услужните,со 5% и 2% искористеност последователно.

Во производниот сектор 16% од компаниите ги користеле индустриските роботи, додека во услужниот само 4%.

Од оние компании кои користеле услужни роботи 44% од нив ги користеле за управување со складишта, 22% за превоз на луѓе и стока, 21% за чистење и згрижување на отпадот, и монтажни работи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×