Една година од отворањето: 1,8 милиони граѓани ја посетиле ИКЕА во Хрватска
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во изминатата деловна година (септември 2014 – август 2015 година) ИКЕА во Хрватска ја посетиле 1.860.000 граѓани, соопшти раководството на ИКЕА на прес –конференција одржана по повод една година од отворањето на претставништвото на ИКЕА во Хрватска.

Според податоците кои ги соопшти компанијата, во првата година продадени се 12.000 душеци, 320.000 пешкири и 3.000 комплетни кујни.

Интернет страницата на ИКЕА во Хрватска, пак, била посетена од 3,3 милиони посетители, а Фејсбук страната веќе има повеќе од 135.000 фанови.

Друг интересен податок кој го соопштија од компанијата, е дека благајната во ИКЕА издала фискална трака долга 850 километри, а биле истоварени повеќе од 1.550 камиони со стока купена од оваа компанија.

Вкупниот приход остварен во првата година, од ИКЕА Хрватска не го соопштија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×