Едно е сигурно за иднината на Германија – ќе ѝ треба повеќе гас од Русија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Гасот ќе биде еден од најголемите победници од политиката на канцеларката Ангела Меркел за затворање на нуклеарните централи во земјата.
lNGГерманија подготвува долготрајно зголемувања на потрошувачката на природен гас и покрај противењата на САД дека земјата не треба да се потпира толку многу за енергија од Русија.
Гасот ќе најголемиот добитник од политиката на канцеларката Ангела Меркел за затворање на нуклеарните централи во земјата, кои во моментот произведуваат половина од германското електрицитет.
И, иако владата да се обидува да стимулира обновлива енергија, според индустријата, аналитичарите и инвеститорите се повеќе “сино гориво” ќе биде потребно кога изворите од ветер и соларни фарми слабее, посочува Bloomberg во свој материјал.
инфографик блумбергСлични прогнози помагаат да објаснат зошто Меркел овозможи изградбата на гасоводот “Северен поток 2″  и го охрабрува создавањето на капацитети за увоз на течен природен гас (LNG).
Во следните години може да се покаже дека на Германија ќе ѝ треба многу повеќе гас за да го компензира затворањето на централите, ако проектот за нејзино преминување кон чиста енергија ( во вредност од 500 милијарди евра ) не успее.
“Барањето на природен гас треба да се зголеми во краток рок, за да се компензира откажувањето од јаглен”, посочува Тревор Сикорски од консултантската куќа Energy Aspects Ltd.
“Можеби тоа е причината зошто германската влада е толку заинтересирана за „Северен поток 2″, додаде тој.
Постојат голем број на прашања кои ги прават нејасни прогнозите за тоа колку нов гас ќе ѝ треба  на Германија и кога.
инфографик 2 блумбергОва вклучува и недостаток на јасност за тоа кои централи на јаглен ќе бидат затворени и кога, што ја спречува владата да наметне ограничувања врз зголемувањето на трошоците за обновлива енергија и дали Берлин може да се потпре на соседните земји да го компензираат недостатокот на мрежата.
Различни се оценките на аналитичарите за претстојните промени.
Сепак речиси сите очекуваат побарувачката на гас во Германија да порасне. Според некои, како Energy Aspects, зголемувањето ќе изнесува неколку процентни поени, додека за други, како German LNG Terminal, пребарувањето ќе се удвои.
Таквите очекувања покажуваат промена на позициите од изминатите две децении, кога почетокот на индустријата за обновлива енергија и побарувачката за гас во голема мера остана непроменет.
Употребата на “сино гориво” се зголеми за 22% во последните три години, откако нуклеарките во земјата почнаа постепено да затвораат по проблемите со централата “Фукушима” во Јапонија во 2011 година.
Сега Германија се обидува да најде дополнителни извори на електрична енергија.
И додека обновливите извори забележаа значителен пораст во последниве години – и продолжуваат да го прават тоа, на мрежата ѝ е потребно тоа што може да ги надомести празнините кога ветерот и соларната енергија не задоволуваат.
Природниот гас е најочигледен избор.
Но, купувањето повеќе “сино гориво” ризикува да ги разниша односите на САД,  Германија и остатокот од Европа затоа што бараат алтернативи за снабдувањето од Русија.
Москва во моментов е одговорна за значителен дел од потребите на германскиот гас, а изградбата на “Северен поток 2″ дополнително ќе ги зголеми начините на кои може да се испорачаат побарувањата.
Руската гасна компанија “Газпром” снабдува гас во Европа со речиси рекордно темпо, а плановите ја вклучуваат и новата рута под Балтичкото Море, која ќе проработи од крајот на оваа година.
Три германски градови – Брунсбител, Стад и Вилхелмсхафен – лобираат за да добијат федерална поддршка за изградба на првиот терминал за течен природен гас во земјата.
Ова ќе им овозможи на голем број земји – од Катар до Алжир и САД – да испорачаат гориво во земјата.
Но, користењето на LNG покренува нови безбедносни прашања.
“Колку повеќе Европа плаќа за течен природен гас, толку поопасна e зависностa од увозот”, вели Манфред Лајтнер, член на извршниот одбор на OMV.
Според неговите зборови, LNG е само варијанта во однос на дестинацијата, а исто така е поскапа и помалку сигурна од природниот гас транспортиран со цевки.
“Постојат неколку неизвесности за улогата на гасот во идниот енергетски микс”, изјави Џоана Фик, аналитичар во агенцијата за рејтинг на “Мудис”.
“Гасот ќе игра улога барем на среден рок. Долгорочното сценарио зависи од еволуцијата на побарувачката, политиките за иднината на гасот и технолошкиот напредок”, додава таа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×