Во свет каде предизвиците се сè поголеми, а неизвесноста сè поизразена, хуманоста останува најголемата сила што нè обединува. Токму таа беше во центарот на вниманието на годинешниот настан на СОС Детско село, Едно семејство, симболична и суштинска метафора за заедничкото делување на СОС Детско село и хуманите компании.
150 претставници од повеќе од 50 компании се собраа и оваа година со цел да добијат признанија за поддршката на работата на СОС Детско село, да ги слушнат постигнатите резултати и реализирани проекти во текот на 2024 година, како и плановите на краток и среден рок на СОС Детско Село.
Најголема почест им беше оддадена на СОС АМБАСАДОРИТЕ Алкалоид, Макпетрол, Нептун, Солиана, Макстил и Гранит како Најголеми корпоративни донатори за 2024 година. Во оваа категорија влегоа и Веро маркети и ЈП Водовод и канализација – Скопје коинеколку години по ред добиваат награда за Промоција и поттикнување на индивидуалното донаторство.
Во категоријата СОС ПАРТНЕРИ се вклучија Осигурување Македонија Виена Иншуренс груп, Пивара Скопје, Флекс Кредит, Млекара Битола и Еуролинк Осигурување коикако долгогодишни партнери на СОС Детско селодобија Признание за значаен и придонеси поддршка.
СОС ПОДДРЖУВАЧИ за 2024 година се ОКТА, Витаминка, Concentrix, ЈК Травел, Биотек, Макпрогрес, Леар, Гентерм, А1, Aristocrat Interactive, Cognism и CapCargo, компании поддржувачи кои дадоа свој придонес за непречен континуитет на работата на СОС Детско село изминатава година.
„Овој настан не е само можност да изразиме внимание и благодарност за континуираната поддршка – туку и да ја засилиме поврзаноста, довербата и споделените вредности што нè обединуваат. СОС Детско село, полека но сигурно се позиционира како важен партнер на компаниите не само за општествена одговорност, туку и за спроведување на нивните ESG стратегии (Environmental, Social, Governance) како насока во која компаниите сè повеќе го дефинираат и градат својот корпоративен идентитет. Поддршката на СОС Детско село претставува директна инвестиција во “S” – Social компонентата, бидејќи преку нашата работа со деца, млади и семејства во ризик делуваме на подобрување на социјалната инклузија, човековите права, родовата еднаквост, квалитетно образование, достоинствено вработување, различност, односно правиме позитивни промени во локалните заедници и директен силен импакт во општеството воопшто.“, велат од СОС Детско село

А кога станува збор за импактот, тој е повеќе од импресивен. Само минатата година, преку своите програми СОС Детско село им помогна на вкупно 1094 деца, млади, родители и згрижувачи. Овој број не е само статистика туку и сведочи за вистинската трансформација што ја донесоа програмите на СОС Детско село во изминатата година. длабочината на промените во нивните животи. Благодарение на континуираната грижа и индивидуалниот пристап, многу од нив добија нова надеж и можност за подобра иднина.

„Сите овие резултати не ќе беа можни доколку ја немавме поддршката од нашите партнери и пријатели кои уште еднаш покажаа дека, освен што се успешни претприемачи, се и големи филантропи кои несебично и посветено ја препознаваат и поддржуваат благородната мисија на СОС Детско село. Но, овие бројки не се само причина за гордост – тие се сведоштво за силата на заедничкото делување и гласен повик дека предизвиците не престануваат и дека сè уште има многу работа пред нас. Тие нè обврзуваат, мотивираат и инспирираат да продолжиме да градиме трајни промени и инклузивна иднина за секое дете и секоја млада личност. Затоа, ова не е само успех – ова е наша заедничка обврска за иднината.“, велат од СОС Детско село.
Токму во таа насока е и фокусот на СОС Детско село за следниот период,
- Промоција на згрижувањето и зголемување на бројот на згрижувачките семејства на 90 кои ќе згрижат околу 150 деца,
- Отворање на Советувалиште за психолошка поддршка и специјално образование со рехабилитација за децата кои доживеале трауми од разделувањето од своите семејствa, со што дополнително ќе се подобрат основните услуги на СОС Детско село.
- Отвoрање и на два нови, регионални центри во Струмица и Кавадарци – За поддршка на згрижувачки семејства но и како Советувалишта за работа со семејства во ризик,
- Промоција на програмите за Позитивно родителство и Јакнење на семејствата

„Преку овие програми, ќе се промовира нов, позитивен, ненасилен пристап во родителството кој ќе ги изгради и зајакне капацитетите и компетенциите на родителите овозможувајќи им на децата да растат во грижливо семејно опкружување, исполнето со љубов како дел од процесот на ПРЕВЕНЦИЈА – децата да не бидат одвоени од своите биолошки семејства. “објаснуваат од СОС Детско село.
Се надеваме дека уште многу нови компании ќе ја препознаат оваа благородна мисија, но и позитивната разлика што ја прави оваа организација изминатиов четврт век и ќе се придружат на големото СОС семејство. Бидејќи успехот не се мери само во бројки, туку во трајните промени што ги создаваме во животите на оние што имаат најголема потреба, а корпоративната филантропија денес значи многу повеќе од донација – таа претставува стратегиски избор, визија за подобро и поправедно општество, одговорност за создавање подобра иднина.




















