ЕЕЗ: Во рок од два месеци Македонија да ја почне либерализацијата на пазарот на струја
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Одлуката на Македонија да се одложи целосното отворање на пазарот на електрична енергија, ги потенцира другите проблеми на земјата- растечката политизација во државните институции и драматично нарушената политичка состојба. Тоа што ние го сведочиме е растечка изолација на земјата од меѓународната заедница. Бараме земјата во рок од два месеци да започне со процесот на либерализација на пазарот со електрична енергија, пишува во Мислењето на Секретаријатот на Европската енергетската заедница (ЕЕЗ).

Во своето мислење, Секретаријатот пишува дека аргументот на македонската влада дека либерализцијата ќе донесе поскапување на струјата, и дека со тоа постои можност од потенцијални “ценовни шокови”, “се чини дека е аргумент наменет за заштита на ликвидноста актуелниот монопол, отколку заштита на граѓаните од “ценовните шокови”“, пишуваат од ЕЕЗ.

„Одлуката на Македонија да се одложи целосното отворање на пазарот на електрична енергија, и со тоа да им се забрани на потрошувачите да го избираат својот снабдувач е уште едно одбивање на актуелната власт да ги прифатат обврските на земјата во рамките на Договорот за енергетска заедница и следствено на тоа, на законодавството на ЕУ. Овој тренд станува се повидлив и се манифестира преку неколку отворени прекршувања на прописите на Енергетската заедница, вклучувајќи го и непочитувањето на Вториот и Третиот енергетски пакет за правилата во секторот на природен гас при соработката со руските партнери. Актуелните проблеми во енергетскиот сектор ги потенцираат другите проблеми на земјата- растечката политизација во државните институции и драматично нарушената политичка состојба. Тоа што ние го сведочиме е растечка изолација на земјата од меѓународната заедница“, стои во соопштението на Секретаријатот.

Според нив, измените на Законот за енергетика во земјата донесен во октомври 2014 година ги лиши малите бизниси и сите домаќинства од нивното право сами да изберат од кого да купуваат електрична енергија со што ги обврзува да продолжат со купување на електрична енергија од актуелниот монопол.

„Либерализиран пазар на електрична енергија е од суштинско значење за постигнување на целите на внатрешниот пазар на енергија. Бараме од земјата либерализацијата да почне да се спроведува во рок од два месеца. Владата го оправдува одложувањето на либерализацијата на пазарот преку ризикот од “можно драстично зголемување на цените на електричната енергија за домаќинствата.” Во реалноста, аргументот поврзан со потенцијални “ценовни шокови”, се чини дека е аргумент наменет за заштита на ликвидноста на актуелниот монопол, отколку заштита на граѓаните од “ценовните шокови”“, пишува во дописот од Секретаријатот на Европската енергетска заедница.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×