Ефтимиoс Парцалис: Градиме паметно поврзани општества
Објавено на од во Интервју

20171128_081830 WEB 945Ефтимиос Парцалис,
директор на Intracom Telecom во Скопје и Белград

“Intracom Telecom веќе ја има реализирано Smart City визијата, овозможувајќи им на локалните власти и институции да обезбедат одлични животни стандарди на жителите и на посетителите/туристите, со имплементација на дигитални технологии кои ги управуваат ресурсите на градот на најефикасен и најефективен начин.“

 

Со Ефтимиос Парцалис,, извршен директор  на подружниците на грчката технолошка компанија Intracom Telecom во Скопје и Белград, зборувавме  за групациското Smart City решение кое е погодно за целиот  балкански регион.

Г-дине Парцалис, кои се главните бизнис сектори во коишто е активна  Intracom Telecom?

Intracom Telecom е глобален добавувач и систем интегратор на комуникациски системи и решенија повеќе од 40 години на меѓународниот пазар. За овие четири децении, имаме успешно учествувано во најголемите ICT (Комуникациско информатички) проекти на светско ниво и имаме добиено многу награди и признанија за нашата технологија, посветеност и работна средина. Денеска Intracom Telecom вработува преку 1,700 врвни професионалци и поседува свој R&D (Истражувачки и развоен) центар и производствени капацитети. Нашите компании се присутни во Европа, Русија, земјите на CIS (Заедница на Независни Држави), Блискиот Исток & Африка, Азија и Северна Америка. Intracom Telecom поседува интензивно знаење (know-how) и докажано искуство на телекомуникацискиот пазар, соработувајќи со над 100 познати оператори во над 70 земји. Компанијата развива и обезбедува продукти, решенија и професионални сервиси пред сe за фиксни и мобилни телеком оператори, јавни установи и големи јавни и приватни компании. Нашите главни деловни активности и решенија вклучуваат: Безжичен пристап и пренос (Wireless Access & Transmission); Телекомуникациски Софтверски Решенија (Telco Software Solutions); ИКТ Сервиси и Smart City Решенија (ICT Services & Smart City Solutions); Енергетски Решенија (Energy Solutions)


Г-динот Ефтимиос Парцалис е дипломиран инженер за компјутерски технологии со долгогодишно професионално искуство од преку 30 години на полето на информатичката технологија и телекомуникациите. Г-динот Парцалис е генерален менаџер на Интраком ДООЕЛ Скопје од 2002 година и извршен директор на Интраком Телеком ДОО Белград од 2015, спроведувајќи ја политиката и стратегијата на компанијата со дефинирање на маркетиншки пристап, анализа на пазар и истражување, стратешко планирање, одредување на цели и деловно предвидување, деловен развој и географска експанзија на операциите, итн. Тој е член на Техничката комора на Грција.

city scape and network connection concept

Интраком ДООЕЛ Скопје, основана во 2002-ра година, е Подружница на Intracom Telecom, глобален добавувач и систем интегратор на комуникациски системи и решенија. Интраком ДООЕЛ Скопје, компанија која го поседува сертификатот ISO 9001:2000, обезбедува клуч – на – рака решенија и услуги на корисниците во секторот на телекомуникации, градежни & електромеханички, решенија за енергетска ефикасност и IT, додека за Smart City решенијата се потпира на искуството на Intracom Telecom Групацијата.

Објаснете го ве молам концептот на  Smart City и што значи тоа за современото живеење?

Сите ние живееме во ера во која напредната технологија игра клучна улога во креирањето на економскиот развој, намалувањето на потрошувачката на електрична енергија и подобрувањето на квалитетот на животот во градовите. Во изминатите 20 години, се појавија неколку технолошки трендови кои се обидоа да го подобрат квалитетот на живот во урбаните подрачја (M2M), но недостатокот на соодветна ICT инфраструктурна конвергенција доведе до бавен развој и слаби резултати. Во денешно време, се појавува нов концепт која дава огромни надежи во однос на одржлив економски развој и подобрен квалитет на живот: Smart City со IoT (Internet of Things) или Поврзан Град (Connected City). Со обични зборови, интернет поврзани (широкопојасно или безжично поврзани) уреди и сензори кои работат синхронизирано и обезбедуваат напредни јавни сервиси.

До каде е Intracom со развојот на конкретни решенија во рамки на Smart City концептот?

Intracom Telecom веќе ја има реализирано Smart City визијата, овозможувајќи им на локалните власти и институции да обезбедат одлични животни стандарди на жителите и на посетителите/туристите, со имплементација на дигитални технологии кои ги управуваат ресурсите на градот на најефикасен и најефективен начин. Smart City решението на Intracom Telecom вклучува Паметно Осветлување (Smart Lighting), Паметно Паркирање (Smart Parking), Управување со отпад (Waste Management), Мониторирање на бучава (Sound Monitoring), Менаџирање на сообраќај (Traffic Monitoring), Паметно Мерење (Smart Metering), Лична Безбедност (Personal Security), Е-Здравје (eHealth), Wi-Fi либерализација, “Вклучи се и играј” поврзување (Plug N’ Play Connectivity), Паметен Дом (Smart Home) и Поврзани Автомобили (Connected Cars). Овие решенија се паметно и тесно интегрирани во компаниската платформа Unified IoT Orchestration & Monetization, која обезбедува 360°-преглед на градските паметни сервиси, ги минимизира оперативните трошоци, го подобрува квалитетот на живот на жителите и генерира нов приход за градот.

Во денешно време, се појавува нов концепт која дава огромни надежи во однос на одржлив економски развој и подобрен квалитет на живот: Smart City со IoT (Internet of Things) или Поврзан Град (Connected City). Со обични зборови, интернет поврзани (широкопојасно или безжично поврзани) уреди и сензори кои работат синхронизирано и обезбедуваат напредни јавни сервиси.

 Дали веќе го имате ова решение имплементирано во пракса? Какви се искуствата?

Intracom Telecom ја доби наградата the Gold Award за категоријата “Паметно Осветлување” за време на 2016 Best City Awards за имплементација на “Smart City” пилот проект во Општина Ilioupoli близу Атина, Грција. Компанијата има развиено иновативно “се во едно” IoT решение, дополнето со ICE Gateway, со цел намалување на оперативните трошоци и понуда за жителите на паметни сервиси, вклучувајќи далечински контролирано и Интернет поврзано енергетски ефикасно LED осветлување, Bluetooth ultrasonic детектори на движење кои генерираат податоци за автомобилите и пешаците и мониторирање на нивото на зафатеност на паркинг зоните, безжични дигитални инфо – киосци и бесплатен Wi-Fi пристапни точки. Со ова, локалните власти можат да имаат потполна контрола на инфраструктурата и да го мониторираат, во реално време, квалитетот на сервисите. Решението е идеално за општини и градови кои ја делат визијата за “Паметно Поврзано Општество” и имаат намера својата инфраструктура да ја искористат за јавноста и граѓаните.

Уште повеќе, решението на Intracom Telecom најдобро одговара за затворени заедници, Универзитети/кампуси, деловни паркови, трговски центри, итн. додека иновациите, големото искуство, успешноста и експертизата на Intracom Telecom можат да придонесат за модернизација на мрежата, IT и јавната инфраструктура.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×