ЕИБ ќе го ревидира кредитирањето на Турција поради дупчењето во близина на Кипар
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Мерките вклучуваат намалување на финансиската помош за земјата и предлог на ЕИБ да го ревидира своето кредитирање во земјата
дриллМинистрите за надворешни работи на земјите од Европската унија (ЕУ) се договорија да го замрзнат извршувањето на повеќето договори на високо ниво со Турција, исто така се прекинуваат и кредитни линии од средства за Турција. Брисел сепак сеуште не презема санкции, кои потенцијално би можеле да бидат насочени кон компаниите кои работат на офшор дупчење во источните делови на Средоземното Море.
Одлуката што беше договорена за време на состанокот на европските министри за надворешни работи ,, повикува на прекин на преговорите со Анкара по склучувањето на воздухопловен договор, одложување на претстојните билатерални министерски состаноци, намалување на финансиската помош за земјата, како и предлог Европската инвестициска банка (ЕИБ ) да ја преиспита одлуката за кредитирање на Турција.
Мерката беше преземена по новата ескалација во спорот меѓу Турција и Кипар поради крајбрежните гасни наоѓалишта околу островот. Претходно Анкара испрати бродови со цел утврдување на наоѓалишта во регионот – потег кој од Никозија го дефинираат како кршење на суверенитетот на островската земја.
Одлуката на Брисел дополнително ја вжештува атмосферата на неизвесност околу турските финансии, откако пред повеќе од една недела претседателот Реџеп Ердоган разреши гувернерот на централната банка Мурат Четинкаја. Останува и можноста за воведување на американски санкции поради купувањето на руски противракетни системи С-400. Вашингтон веќе ја повика Анкара да престане со експлоатацијата крај Кипар.
Министрите за надворешни работи на ЕУ нагласија на тоа дека Брисел работи на изготвување на целни санкции поради конфликтните турски дупчења во територија на Кипар, обидувајќи се да се балансираат помеѓу испраќање на јасна порака до Анкара и искуството да не бидат погодени интереси на европските земји и да се прекинат сите врски со Турција. Блокот сака да ги задржи отворените линии на комуникација, особено за прашањата поврзани со миграцијата и тероризмот.
ЕУ ги сфаќа ризиците за договореното во 2016 година договор за ограничување на миграцијата кон блокот, во рамките на кој Турција се согласи да ги задржи на своја територија дел од мигрантите кои патуваат кон Европа, во замена за финансиска помош.
Европските лидери минатиот месец објавија дека се подготвени да преминат кон санкции ако Турција продолжи со дупчење.
Турскиот брод “Фатих” веќе почна да дупчи по западниот брег на Кипар. Втор брод – “Јавуз”, исто така пристигна крај полуостров Карпасија и се очекува да започне студии наскоро, објави турското МНР минатата недела.
Експертите веруваат дека има околу 227 милијарди кубни метри природен гас покрај брегот на Кипар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×