ЕИФ и ПроКредит Банка ќе обезбедат 800 милиони евра поддршка за иновативните компании
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и ПроКредит групација ќе пласираат дополнителни 800 милиони евра за иновативни проекти на мали и средни претпријатија (МСП), што претставува вкупно 1.62 билиони евра за кредитирање на компании во 11 држави.
Прокредит банка ЕИФ 1
Поддршката која ја овозможува ЕИФ е отсега достапна преку ПроКредит банките во јужна и источна Европа и истата е наменета за компании кои употребуваат нови технологии и имаат иновативни производства во една од единаесте држави каде што ПроКредит банките ги пласираат своите услуги (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Германија, Грција, Молдавија, Северна Македонија, Романија, Србија и Украина). Досега, ПроКредит банките имаат поддржано околу 2000 иновативни мали и средни претпријатија и тоа претежно во дејноста на производство, големопродажба и малопродажба, а уште голем број претпријатија ќе бидат финансирани и во следните неколку години.
Договорите за финансирање на малите и средни претпријата се дел од InnovFin иницијативата на Европска комисија, поддржани преку програмата Horizon 2020. InnovFin иницијативата овозможува банките да пласираат кредити за иновативни комапнии со гарантна шема поддржана од страна на ЕИФ. Договорот потпишан меѓу државите членки на ЕУ беше овозможен согласно поддршката од Европскиот Фонд за Стратешки Инвестиции. Овој фонд е централен столб од Планот за Инвестиции во Европа на Европската Комисија, исто така познат под називот “Juncker Plan”.
 
Заменик претседателот на Европската Комисија Jyrki Katainen, одговорен за работни позиции, раст, инвестиции и конкурентност изјави: “Две години откако објавивме дека 80 милиони евра ќе бидат пласирани за МСП во единаесет држави, ЕИФ и ПроКредит ја дуплираат финансиската поддршка, што значи дека 1.62 билиони евра се сега достапни за финансирање на мали и средни претпријатија во овие земји. Континуираната и зголемена пддршка од страна на ЕУ ќе придонесе за промени кај илјадници претприемачи со иновативни бизнис идеи и потреба за финансирање на своите проекти, на ист начин како и кај 2000 компании кои досега беа финансирани преку оваа гарантна шема.”
 
Извршниот директорна ЕИФ, Pier Luigi Gilibert, изјави: Позитивно сме изненадени што  InnovFin гарантната шема пласирана преку ПроКредит банките остварува одлични резултати.
Широката мрежа и позиционираноста на ПроКредит банките, комбинирани со експертизата за кредитирање на МСП се потврда дека гарантната шема поддржана од Европската Комисија ќе биде искористена во единаестте држави. Овие кредити ќе им овозможат на компаниите полесен пристап до финансирање поддржано од ЕУ со цел зголеување на иновативноста низ Европа.”
 Претседателот на Надзорен Одбор на ПроКредит Холдинг, Др. Claus-Peter Zeitinger изјави: “Проширувањето на нашиот договор е значаен показател за нашата банкарска групација. Истиот им дава до знаење на нашите клиенти дека ЕУ и понатаму ќе ги поддржува инвестициите од страна на мали и средни претпријатија во југо-источна и источна Европа и дека развојно ориентираната насока на ПроКредит банките е препознаена од страна на ЕУ.”
Планот за Инвестиции во Европа, или така наречениот “Juncker Plan” е еден од приоритетите на Европската Комисија. Истиот се фокусира на поддршка за инвестиции кои креираат нови работни позициии, раст преку паметна употреба на нови и веќе постоечки финансиски ресурси, отстранување на препреки за инвестирање иобезбедување техничка поддршка при инвестиции во нови проекти. Проектите и договорите согласно Европскиот Фонд за Стратегиски Инвестиции(ЕФСИ) се очекува да мобилизира скоро 410 билиони евра во инвестиции и поддршка на околу 952 000 МСП во сите 28 членки на ЕУ.
InnovFin гарантната шема е креирана согласно”EU InnovFin Finance for Innovators” иницијативата развиена согласно Horizon 2020, ЕУ рамковна програма за истражување ииновации. Истата нуди гаранции за финансирање на кредити од 25.000 евра до 7.5 милиони евра се со цел подобрување на пристапот до финансии за иновативните мали и средни претпријатија со повелку од 500 вработени. Оваа гарантна шема  е менаџирана од страна на ЕИФ и се пласира преку финансиски посредници – банки и останати финансиски институции во земји членки на ЕУ и поврзани држави. Оваа гарантна шема им нуди на посредниците гаранции од страна на ЕУ и ЕИФ за износот на пласираните кредитите на компаниите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×