ЕК бара Романија да надомести милиони евра загубени во корупциски зделки
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската комисија и Светска банка побарале од Романија да го забрза спроведувањето на антикорупциските мерки, и особено обновата на украдените активи според судските решенија.

Владата на Романија има намера да создаде специјална агенција за обнова на активи загубени во случаи на корупција.

Во тек на последнава година во земјата беа испорачани рекордни 1.138 обвиненија, а судовите побараа околу 310 милиони евра да бидат вратени од обвинетите. Обидите да се вратат активите најчесто се неуспешни, а даночните власти во Романија се пожалија дека не успеваат да соберат доволно ресурси.

До загубите се стигнало поради затајување даноци, натценети јавни набавки без легитимни конкурси, поткупи, измами при користењето европски фондови и субвенции за развој.

Само корупциските зделки поради кои се почнати истраги ја чинеле државата, приватниот сектор и даночните обврзници околу 1.022 милијарди евра.

„Романија постигна огромен напредок последниве години. Сега треба да собереме сѐ. Властите треба да конфискуваат и да ги обноват украдените активи“, изјави специјалистот за управување на државен сектор во Светската банка, Исмаил Радуан.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×