ЕК го казни Facebook со 110 милиони евра
Објавено на од во hi-tech & business
fw

Европската комисија го казни Facebook со казна од 110 милиони евра поради погрешни и лажни информации што управата на компанијата ги доставила во врска со купувањето на апликацијата WhatsApp.

Facebook во 2014 година ја купи апликацијата WhatsApp за 22 милијарди долари. Управата на компанијата на Марк Закерберг тогаш на надлежните органи за Европската унија им соопштила дека нема да собира лични податоци за корисниците на апликацијата, оти нема да ги спојува двата субјекти и дека нема да ги обединува корисничките профили.

И покрај тоа, WhatsApp во август лани почна да разменува со Facebook кориснички имиња, броеви на телефони и други податоци.

Поради противречните изјави и практиката, ЕК неодамна почна истрага од која произлезе денешната парична казна.

Една од надлежностите на ЕК е да врши надзор на процесите на спојување на големи компании на пазарот и да контролира дали во овие процеси има нарушување на конкуренцијата на пазарот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×