ЕК: Романија ќе ги загуби средствата од ЕУ поради попречувањето на борбата со корупцијата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската комисија ја предупреди Романија дека одобрените средства од фондовите на Европската унија може да бидат прекинати поради измените што ги усвои Владата во законот за борба против корупцијата, изјави заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, на вонредната дебата на Европскиот парламент во Брисел.

„Напредокот што Романија го постигна во изминатите децении ја покажа силната волја на Романците да се претворат во демократска нација. Пред една недела известивме за напредокот на земјата изминатите десет години по механизмот за соработка и проверка, тој е забележителен. Романија е на последната делница од долгиот маратон за афирмација на неприкосновеноста на владеењето на правото“, посочи Тимерманс.

„Она што го гледаме изминатите денови е загрижувачко. Новото законодавство отстапи од напредокот постигнат изминатите десет години. Ја повикувам актуелната Влада да ги преразгледа законските измени“, рече Тимерманс.

„Романија, како и сите во Европа, заслужува власт која се бори со корупцијата, за да ја искорени. Ја повикувам Владата да не отстапува од патот и да успееме да завршиме со тој механизам. Новото законодавство може да се одрази врз обезбедувањето на европското финансирање“, предупреди тој.

На синоќешните протести поради одлуката на Владата на Романија да ја разлабави борбата со корупцијата со измени во Кривичниот кодекс (а за, главно, да го спаси премиерот во сенка, Ливиу Драгна, и стотици други политичари против кои се водат дела за корупција), најмалку пет лица се повредени, а шеесет се приведени.

Протестите се најмасовни од падот на комунизмот и на Николае Чаушеску во 1989 година.

Проценките се дека на улиците на Романија излегле меѓу 200.000 и 300.000 луѓе – само во Букурешт, според полициски проценки, имало околу 100.000.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×