ЕК: Македонија има право да контролира кој влегува на нејзина територија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Македонија има право, во согласност со меѓународните закони, да ги контролира луѓето што сакаат да влезат на нејзина територија и да забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите. Ова го соопшти преслужбата на европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, на прашање на Танјуг дали Комисијата знае дека Македонија прогласи кризна состојба, пренесува српски Блиц.

„Комисијата знае за одлуката на владата да прогласи кризна состојба на својата јужна и северна граница. Комисијата е подготвена и понатаму да и дава хуманитарна помош на Македонија“, стои во изјавата дадена за Танјуг.

Од Комисијата исто така потсетуваат дека ЕУ до сега обезбедила 90.656 евра за хуманитарна помош на Македонија, кога беше погодена со првиот бран на мигранти, но и дека во завршна фаза е пакетот помош наменет за Западен Балкан кој „тежи“ 8 милиони евра, а кој ќе се спроведува веќе во септември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×