Екатерина Захариева: Да погледнеме кон иднината наместо кон минатото
Објавено на од во Интервју

received_318062845575929Екатерина Захариева
министер за надворешни работи на Бугарија

Во време кога актуелни се заедничките состаноци на бугарско-македонската комисија за образовни и историски прашaња, што треба да резултираат со промена на македонските и бугарски учебници, министерката за надворешни работи на Бугарија во интервју за „Капитал“ вели дека клучниот проблем на балканските народи е што поради тешката историја се преокупирани со процесите на минатото, наместо да се фокусираат на сегашноста и иднината.

Во моментов актуелни се заедничките состаноци на бугарско-македонската комисија за образовни и историски прашања. Што има ново на оваа тема?
Јас сум задоволна што Комисијата одлучи да се состанува еднаш месечно затоа што за мене е важно да имаме некаков видлив резултат во поглед на иднината. Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година, де факто тој стапи на сила на 14 февруари 2018 година, имаше процес на ратификација, на размена на писмата за стапувањето на сила и Комисијата почна со работа три месеци потоа. Де факто таа работи, ќе се направи еве една година откако работи, но она што е најважно за мене е што ќе ни учат децата. А ние треба да ги учиме на вистината. За да можеме да изградиме пријателство за кое што ,гледаме, има голема промена од потпишувањето на Договорот до сега.
А има ли промена?
Мислам дека има, да. Мислам дека има многу позитивна промена во односите. Прво има многу средби, има многу голема помош која Бугарија и ја дава на Република Северна Македонија на патот на европската интеграција, за членството во НАТО. Знаете дека ние бевме првите кои го ратификуваа Протоколот и искрено се надевам дека во декември на следната средба во Лондон веќе ќе имате полноправно членство во НАТО, дека ќе помине ратификацијата во сите Парламенти. Знаете дека многу пати и премиерот Заев и премиерот Ципрас даваа изјави дека потпишувањето на нашиот договор (македонско – бугарскиот) всушност го отвори процесот и го окуражи, односно даде охрабрување, како што вели премиерот Заев, за да се реши многу тешкото прашање за името кое пак го отвори вашиот пат за членство во НАТО и во Европската Унија. На пример, ќе дадам конкретни примери. Во јануари минатата година ја отворивме трговската канцеларија која беше затворена од 2015 година во Скопје. За последните шест месеци на 2018 година имаме повеќе инвестиции на Бугарија во Република Северна Македонија споредено со претходните две години. Всушност, бугарските компании инвестирале во Република, кај вас, 800 милиони евра во последните 10 години, има зголемување за 10 проценти на бугарски туристи за 2018 година, има и зголемување за околу 3% на посета на вашите граѓани на Бугарија. Има после 10 години огромен интерес на бугарски фирми, каков што немаше порано, на состаноците на економската комисија. Гледаме зголемување на трговската размена која што е многу важна за поврзувањето на бизнисот. Мислам дека има многу видливи позитивни промени, но имаме и уште од патот кој што треба да го изодиме. Затоа јас сметам дека за да биде апсолутно стабилно пријателството, какво што треба да биде, бидејќи нелогично е да биде поинаку, ние треба да бидеме на страната на вистината за да не може какви било потреси да влијаат на нашето пријателство.
Политичарите се посмели од историчарите – вторите малку доцнат
Верувате дека Комисијата има капацитет да го обезбеди ова што го зборувате?
Вистина е дека политичарите се посмели од историчарите и ние веќе заеднички извршивме неколку чествувања на заедничките настани и личности од историјата. Комисијата се уште не го препорача тоа, но јас сум задоволна од тоа што од последната средба веќе има резултат.
Мислите дека историчарите треба да пораснат за да ве следат вас политичарите?
Ние треба да се потпираме на автентични историски факти. И кога зборуваме за таков момент од нашата историја, за кои имаме и писмени докази и луѓето кои ги правеле тие записи се историчари, јас не знам точно како тие размислуваат или расудуваат, но многу е важно тие да си ја работат работата без притисок. Но, од друга страна е важно и какви насоки даваат затоа што не само како се разбираат тие, туку и како тие прашања го обликуваат општеството. И многу е важно од што учат децата. Јас сакам Комисијата да дојде до Договор за промена на учебниците и да се зборува вистината. Ние не сакаме ништо повеќе. Ние сакаме нашите деца да ја знаат вистината.
Меѓутоа ќе се согласите дека токму политичарите ги користат овие недоразбирања и различни толкувања на историјата за собирање на политички поени. Тука, таму, од време на време постојано има изјави кои наместо да одат во насока на пријателство за кое зборувате, отвораат повторно националистички наративи.
Се разбира да. И тоа е една од најголемите грешки на Балканот.
И сè уште очигледно имаме процеси на растење. . .
Да, да. Видете. Имаше и кај вас пред неколку години такви потези. Да не заборавиме, до неодамна се финансираа филмови од страна на Владата во Скопје за Бугарија, а Бугарија е првата држава која што ви ја призна независноста, ние ви помагавме. И за нас беа нејасни тие потези, признавам. И искрено кажано, желбата за поддршка која што бугарскиот народ ви ја дава е неразбрана и не доволно ценета. Се надевам дека сето тоа е зад нас, но истовремено
сум и реалист и сметам дека треба да го надминеме тоа. На Балканот многу често зборуваме за историјата. Ние на Балканот, не само во Европа, туку и во целиот свет, сме со многу тешка историја, имаме тешка историја, тешко минато. Ние до некаде можеме и да бидеме пример. Ќе ја земам како пример Бугарија. Не смееме ли да имаме никакви односи со Турција? Ние имаме многу добри односи. Не смееме ли да имаме добри односи со Грците? Колку улици во Атина се нарекуваат Василиј Бугароубиец? Па ние имаме одличен однос со Грците. Тоа не е пречка ние да имаме најпријателски односи во моментов. И од историјата треба да се учи и да не ги повторуваме грешките. Ќе ги земам за пример Франција и Германија. Тие имаат одлични односи. Неодамна потпишаа и договор, надополнување всушност на договорот кој го имаа. Го покренаа за уште еден степен повисоко од претходниот договор кој го имаа.
zaharievaГраниците во ЕУ немаат никакво значење
Вие бевте на некој начин директно инволвирани како помагатели на процесот на преговори со Грција, тоа беше за време на бугарското претседателство со ЕУ. Сега кога процесот е готов, може ли да ни кажете како се одвиваа нештата?
Беше предизвик, но беше и голема можност, за нас и за регионот. Затоа што Бугарија постави високи стандарди, всушност и тоа беше и најголемиот приоритет – Европската перспектива на земјите од Западен Балкан. И можам да кажам дека ние ја вративме таа тема на дневен ред во Европа. Знаете дека проширувањето на Унијата не е многу популарно. Знаете дека Европската Унија пред се имаше реформи внатре поради економската криза. И не кријам дека тоа воопшто не беше едноставна тема. Но, ние не постигнавме малку. Ние постигнавме всушност многу за шест месеци и најголем резултат од тоа е средбата за прв пат после 15 години, од 2003 година во Солун, која всушност и за вас го отвори патот за членство. Сега со Софиската декларација, со Софискиот дневен ред, конкретни проекти и фондови кои се на располагање за поврзување, за дигиталниот пазар, за младите, за бизнисот. Со тоа решение донесено од Советот со кој ние претседававме во јуни во насока на проширувањето, со потпишувањето на нашиот договор, со потпишувањето на договорот помеѓу вас и пријателите од Грција.
Каков знак Преспанскиот договор може да биде за регионот? Сè уште имаме отворени прашања, тука се Косово и Србија…
Работата е во тоа што секако дека треба да бидеме горди на историјата и да учиме од неа, но многу е поважно заедно да гледаме напред и да ги расчистиме сите прашања кои и се натрупани на вистината. Затоа што треба да се соочиме со другата вистина, а тоа е кој е најбогат, кој има најмногу туристи, кој има најразвиен бизнис и тоа е реалноста која е подобра од минатото ако може така да се каже. И тоа е позитивен напредок. Нели сите се стремиме за членство во Европската Унија и тоа во тие граници нема никакво значење. Важно е слободното движење на луѓето, бизнисот. Така што, она што ние сите заедно треба да го направиме тука е да престанеме да гледаме во минатото туку да гледаме повеќе кон иднината. Најмногу заради луѓето. Затоа што најголемиот проблем на балканските држави е всушност иселувањето. Тоа е нашиот најголем проблем оти најголем капитал се луѓето. . .
Како влезот во ЕУ влијае на тоа? Има две тези – едната е дека со влезот се зголемува стандардот, па граѓаните сакаат да останат дома, а другата е дека се отвораат вратите и тие повеќе се селат…
И двата примера се присутни. Разликата е во тоа што кога немаш перспектива дека ќе станеш член или дека ќе започнеш преговори воопшто не размислуваш да останеш дома туку ќе бараш начин како засекогаш да си заминеш. И според податоците последни кои ги гледав, и за вас и за Албанија, тие воопшто не беа позитивни за тоа колкав процент од граѓаните сакаат да ја напуштат својата држава. Така што никој тоа не го сака. Во моментот кога Бугарија влезе во Европската Унија, кога се овозможи слободното движење на работниците, конкуренција, можностите ако си конкурентен и способен да бидеш еднаков со граѓаните на сите 28 држави секако е примамливо. Но, од друга страна во последните три години се забележува тенденција, за разлика од периодот кога започнавме да се израмнуваме со просекот во Европската Унија, граѓаните почнаа да се враќаат во земјава и позитивното е дека младите почнаа да се враќаат.Ќе ви дадам и конкретни бројки кои повеќе говорат отколку зборовите. Само за 10 години, од 2007 до 2017 година 31% од просечните вредности на Европската Унија, зборуваме за приходи, БДП, бруто национален производ, производствените капацитети беа на тоа ниво кога Бугарија влезе во Европската Унија. Во моментов овие вредности се 51%. Дваесет проценти за една година како доходи, како БДП. Во Бугарија невработеноста за 2018 година изнесува 5,2 % проценти додека 10% изнесуваше кога влегувавме во Европската Унија. Тие 5,2 % се под европскиот просек кој изнесува 7,3% невработеност гледано во целина и под просекот на новите држави членки каде невработеноста изнесува 5,4% доколку се споредуваме со земјите кои од поново време се членки. Извозот во Европската Унија, нешто што нам ни носи леб и ја зголемува производственоста е зголемен повеќе од два пати за време од 10 години. Ако тој изнесуваше 7,5 милијарди евра извоз од Бугарија кон Европската Унија за 2007 година, сега е 17,9 милијарди извоз само од Бугарија за Европската Унија. Односно 63% проценти од вкупниот извоз на Бугарија оди во Европската Унија. Малку повеќе од 50% е увозот кој Бугарија го прави на производи од Европската Унија.
Најголема придобивка е што политичките и бизнис елитите ќе мора да созреат
Ова се податоци кои се однесуваат на економските параметри, стандардот на граѓаните… Што е со другите аспекти, од аспект на демократизација на општеството? Што доби Бугарија со членството?
Всушност тоа е најголемата придобивка од членството во Европската Унија. Вистина е дека економските показатели се многу важни затоа што ги задржуваат граѓаните дома, им овозможуваат подобар животен стандард. Но, најважно нешто е чувството дека си дел од најдемократскиот и најуспешниот проект за демократија и мултилатерализам во светот создаден досега, а тоа е Европската Унија. Најуспешен проект за мир, безбедност и за човекови права. И кога си дел од тоа големо семејство, тоа силно семејство и имаш слобода и можност да склучуваш бизнис договори со секого врз основа на принципите на пазарната економија и социјалната заштита кои се гарантирани, за слободно движење на луѓето. Всушност бугарските граѓани станаа мобилни и одговорни само затоа што добија можност да работат и учат во Европската Унија. Да патуваат, да комуницираат и тие вредности се најважни, слободата и чувството дека си дел од една целина, а тоа е најдемократската целина што е многу поважно од сите економски показатели.
Да, но овој проект што го зборувате оваа година се соочува со големи предизвици – тука се изборите, а тука е и Брегзит процесот. Како ја гледате иднината на ЕУ?
Всушност тоа е парадоксот. Како никогаш досега почитувањето на човековите права, на демократските процеси се важни, но истовремено и многу загрозени во овој момент. Тоа се случува подолго време. Всушност мигрантската криза донесе големи проблеми во Европската Унија и вие ме прашувате колку беше тешко да се стави на дневен ред темата за Западен Балкан додека тогаш беше главна тема миграцијата, и се уште е важна тема.
Да си патриот не значи да бидеш националист
Но, да не заборавиме дека и Балканот имаше многу важна улога во целата мигрантска криза
Точно и тоа покажува дека Балканот е дел од Европа и не постои друго место за земјите од Балкан освен да бидат дел од Европската Унија. Се разбира, тоа е двостран процес. Патот не е лесен. Јас бев дел од Министерството за екологија и води, во една од најтешките години од неговото постоење, и дури се отвораа најтешките прашања и знам колку многу работа е потребна и колку многу треба посветеност на целото општество и на администрацијата, и на политичките елити, политичките партии. Зрелост на политичките партии и политичките елити. Граѓаните треба да имаат и трпение. Нема магично стапче за да станете дел од ЕУ. Ги започнуваме преговорите и веднаш се сè подобрува следниот ден. Но, се што се презема во таа насока се прави за граѓаните, за да им се овозможат подобри демократски стандарди, подобри еколошки стандарди, добро правосудство, добро управување, подобра бизнис клима. Односно, вие треба да бидете подготвени да станете дел од тој голем пазар за да успее вашиот бизнис. Очигледно ние бевме подготвени затоа што не случајно ви ги споменав бројките и големиот раст на извозот, инвестициите кои ги привлековме, а можеме да бидеме и уште подобри, да работиме многу повеќе. Но, треба да се враќаме кон она за што е создадена Европската Унија, а тоа е веќе кажав, почитувањето на човековите права, демократијата, слободата на движење на стока, капитал, услуги, луѓе… Изборите се ближат, да, има различни прогнози дека ќе се зголеми бројот на претставници на евроскептиците во Европскиот парламент. Но, ајде да почекаме и да видиме. Затоа предлогот на претседателот Макрон за создавање на Агенција за демократија, или како и да ја нарече, е многу важен. Треба да се размислува за тоа поради постоењето на вакви хибридни форми денска преку интернет, кои шират дезинформации. Треба секој од нас да е свесен дека не е многу лесно од дома да го обвинуваш Брисел за се бидејќи ние сите сме Брисел, ние сме таму за да ги носиме тие решенија. И затоа сметам дека треба повеќе да им објаснуваме на граѓаните што претставува Европската Унија. Луѓето се научија да живеат со тоа. Дури и во Бугарија за 11 години никој повеќе не се сеќава како беше претходно. Многу брзо забораваме на тие работи. Брегзит е голем предизвик. Навистина ми е жал, но тоа е одлука на британските граѓани. Нема да биде исто после Брегзитот. Во крајна линија треба да направиме се за да ги намалиме негативните ефекти. Тие немаше да ги има доколку не беше Брегзит, но тоа е реалноста.
Можеби време е Европа да учи од балканските народи и како ние ги решававме проблемите оваа година
Всушност тоа е убавината во Европската Унија. Секој може да го учи другиот и секој може да научи од другиот и тоа е силата на Европската Унија. Многу е важно нешто да знаете. Да си родољуб не значи да си националист, тоа е различно од национализмот, од тоа да си изолиран, да бидеш поинаков од другите. Има место и за родољубие во Европската Унија и затоа не треба да ги мешаме овие работи. Јас сум убедена дека овој тренд на национализмот веќе ќе опадне. Националисти кои предлагаат многу лесни решенија за исклучително тешки теми, решенија кои никогаш нема да се случат. Верувајте, тоа не е начинот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×