Економијата, која не била во рецесија скоро 28 години, се соочува со неочекуван ризик
Објавено на од во Економија
Австралија не забележала забавување на економијата во две последователни четвртини  од првата половина на 1991 година.
australiaОва значи дека земјата сега води пред Холандија рекорд за 28 години на раст. Меѓутоа, до денес, овој успех се чини помалку веројатен во контекст на посложената ситуација во глобалната економија.
Зголемувањето на цените на домовите, зголемената задолженост на домаќинствата и ескалирачката трговска војна меѓу САД и Кина ја поткопуваат довербата и аналитичарите веруваат дека австралиската економија ќе се соочи со тешкотии.
Оваа недела, ќе биде јасно кои чекори ќе бидат преземени за економијата по одлуките што ги донесе централната банка за зголемување на вработеноста и инфлацијата.
“Австралија помина низ имотен бум, и бум во цените на стоките, а сега прашањето е што ќе биде следното нешто што ќе го поттикне растот”, рече главниот економист на Кралската банка на Канада Су-Лин Онг.
“Инвеститорите во Велика Британија и Европа очекуваат Австралија дополнително да ги намали клучните каматни стапки”, рече таа.
Иако успеа да ги избегне тешките последици од азиската финансиска криза од 2000 година и глобалната рецесија во 2009 година, се чини дека земјата нема да може повторно да се справи со таква турбуленција.
„Ние нема да бидеме поштедени од следниот светски шок”, вели Боб Григори, професор на Националниот универзитет Канбера во Канбера.
„Дури и без тоа би рекол, постои 90% шанса дека растот на економијата и вработеноста ќе забави поради нашите врски со Кина и миграцијата”, вели експертот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×