„Економист“ посочи на ризиците по светската економија во 2019 година
Објавено на од во Економија

Неделникот „Економист“ денеска објави извештај за тоа какви ризици има по развојот на светската еконоија во 2019 и предвидува намален раст до 2.6% во 2020 година.

left_or_right_wing_0

Трите најголеми ризици се крајно разгорена трговска војна меѓу САД и Кина, можна рецесија во САД поради корпоративниот долг и голема криза во економиите на земјите во развој. Авторите на извештајот истакнуваат дека заедно со трговската војна, во светот годинава може да започне и технолошка трговска војна.

Останати ризици се одложената криза во Кина, наглиот скок на цената на нафтата и банкарската криза во Италија. Покрај тоа, светската економија е загрозена од Брегзит, можен воен конфликт на Корејскиот Полуостров, крупни кибер напади и воени судири поради територијални спорови.

Можното воведување царини за увоз на автомобилски делови и автомобили во САД од страна на претседателот Доналд Трамп може да влијае негативно на светската економија, укажа рејтинг агенцијата „Мудис“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×