Економскиот систем на Путин пред колапс?!
Објавено на од во Економија

Неприкосновениот руски лидер е пред најголем предизвик откако дојде на власт пред 15 години: рубљата е во слободен пад како што паѓа цената на нафтата, што предизвикува економски хаос во земјата која постигна висок економски раст потпирајќи се на силниот извоз на енергенси.
Темелите на кои Владимир Путин ги градеше неговите 15 години власт во Русија почнуваат да попуштаат, пишува Bloomberg .

Крахот на рубљата, која само во изминатите два дена падна за 18%, а во изминатите шест месеци за над 40%, ја загрозува мантрата за стабилност околу која Путин го градеше своето владеење. Додека неговиот рејтинг е историски највисок заради неговиот став околу Украина, валутната криза се заканува да го еродира и да го  поткопа неговиот авторитет.

Претседателот Путин ја презеде  власта во 1999 година од тогашниот претседател Борис Јелцин, со ветување дека ќе го среди хаосот што беше главна одлика на земјата во целата пост- комунистичка транзиција.

Во сите години на неговото владеење, освен во една, тој успеа да постигне економски раст и зголемување на платите, но падот на цените на нафтата и санкциите од Западот сега му го наметнуваат најголемиот предизвик во неговото владеење.

“Луѓето мислат дека тој е силен лидер кој го врати редот и го подобри животниот стандард”, вели Дмитри Орешкин, независен политички аналитичар во Москва. “И сега тој е истиот Путин, тој и понатаму ја има целата власт, но сега се с$ распаѓа”.

Во изненадувачки потег изминатава недела Руската централна банка ја покачи основната каматна стапка на 17%, што е највисока во изминативе 16 години. Тоа не успеа да го спречи падот на рубљата која сега е на ниво од 70 рубљи за долар од 34 рубљи, откако цената  на нафтата се намали за речиси половина,  под 60 долари за барел. Русија се потпира на енергетиката од која се содава речиси 25% од бруто домашниот производ.

 Нова ера

“Крахот на рубљата и придружниот пад на економијата го одбележуваат колапсот на Путиновиот економски систем кој во изминатите 15 години беше потхрануван со нафтата“, изјавува еден менаџер во Газпромбанк, банка поврзана со рускиот државен извозник на газ. Тој побара да остане анонимен заради чувствителноста на темата.

“Повисоките каматни стапки ќе го срушат кредитирањето на домаќинствата и бизнисите и ќе ја продлабочи руската рецесија”, смета Нил Шеринг, главен економист за пазарите во развој во лондонската Капитал Економикс.
Според последните процените на руското министерство за економија, бруто домашниот производ (БДП) на Русија следната година ќе се намали за 0,8%. Со цена на нафтата од 60 долари, БДП може да падне за 4,7%, изјавија изминатава недела од Централната банка на Русија.

“Колку банкроти не чекаат во јануари?”, праша Дмитри Гудков, опозициски ориентиран адвокат на својот Twitter профил.”Луѓе ќе останат без работа и без пари. Ноќната мора допрва почнува”.

Речиси критично

Владимир Гутенев, изготвувач на закони од владејачката партија Обединета Русија, исто така спори околу акциите на централната банка, тврдејќи дека стапката на пораст на каматната стапка е “неприфатлив“.

“Состојбата со финансирањето на индустријата од страна на банките станува с$ поблиска до критична“, рече Гутенев, кој што е и потпретседател на Унијата на производители на машини.

Заканите по економската стабилност пораснаа паралелно со Путиновата популарност од 85%, откако Русите со големо одобрување го поддржаа неговиот пристап кон ситуацијата во Украина по падот на неговиот сојузник Виктор Јанукович. Поточно, граѓаните ја поздравија анексијата на Крим, кој што бил дел од руската територија до 1954 година, а не ги сфатија сериозно санкциите што потоа ги наметнаа САД и ЕУ насочени претежно кон финансиските корпорации и нафтената индустрија.

И додека падот  на рубљата може да води до постепено стопување на поддршката што Путин ја ужива, тогаш протестите што би можеле да се случат би биле попрво  насочени кон пониските нивоа на власт, одошто кон Путин, вели Игор Бунин, шеф на московскиот Центар за политички технологии.

“Путин е симбол на руската држава за обичните Руси“, додава Бунин, кој смета дека поедини владини функционери би можеле да бидат отпуштени заради хаосот со рубљата. “Луѓето го гледаат него како среќна ѕвезда што ќе ги спаси. Затоа и се плашат да го загубат како симбол“.

Владата “некомпетентна“

Татиана Барушева, 63-годишна пензионерка што живее во Геленџик, Краснодарски регион, ги обвинува токму луѓето што работат со Путин за моменталната состојба во економијата.

“Не може да одиме понатаму со оваа влада, таа е некомпетентна“, вели таа. “Без оглед колку силно да се труди Путин, неговите помошници не ги бива за ништо“, вели таа.

Путин веќе преброди една економска бура. Светската финансиска криза што изби во 2008 година “изеде“ 7,8% од рускиот БДП следната година заради тогашниот пад на цените на нафтата. Во тие околности рубљата падна за околу третина од својата вредност. Оттогаш економијата растеше секоја година.

Но, тогаш немаше санкции од Западот, што значи дека сега Путин е во потешка ситуација, смета Олга Криштановскаја, социолог што ги проучува елитите при Руската акдемија на науките. Мерки што би ја олесниле ситуацијата, како воведување контрола врз капиталните текови или омекнувањето на Руската позиција кон Украина, би можеле да донесат дополнителен ризик.

Она што се случува сега е полошо отколку пред пет години, вели Кирил Рогов, аналитичар при Гајдарскиот институт за економски политики во Москва. Путин ризикува да го загуби својот имиџ на лидер кој што ги држи работите под контрола  и може да ја води земјата низ оваа криза.

“По 2009 година, имаше брзо закрепнување“, вели Рогов. “Сега се соочуваме со шок што тешко се контролира и тоа ја минира довербата во целосниот економски модел на Путин“, вели тој.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×